Папата се сретна со Салваторе Мартинез и Кико Аргуељо

Светиот Отец во петок 5 декември 2014 година во Ватикан се сретна со Салваторе Мартинез, претседател  на движењето „Обнова во Светиот Дух“, а потоа и со Кико Аргуељо, основач на Неокатекуменскиот пат. На средбата со Мартинез станало збор за средбата на движењето „Обнова во Светиот Дух“, на која учествуваше Светиот Отец на Олимпискиот стадион во Рим, а потоа разговараа за меѓународниот центар „Назаретско семејство“, ватиканска фондација основана во Назарет по иницијатива на светиот папа Иван Павле II. Папата Фрањо цврсто е убеден дека фондацијата може многу да придонесе за дијалогот, мирот и средби на семјества од целиот свет, посебно семејства од монотеистичките религии на Блискиот исток – изјави Мартинез.

На Папата му објаснив што е Неокатекуменскиот пат. Папата пак одговори дека добро го познава патот и дека многу правиме за Црквата и звањата. Му зборував на Папата за заедниците во мисии, како и за средбите кои ги правиме за праќање во послание на нови семејства од Неокатекуменскиот пат. Четириесет заедници ја завршија неокатекуменската наобразба, тие се на располагање на Црквата, подготвени да се упатат на перифериите, за потребите на парохиите. „Заедниците во мисии“ се подготвени да ги посетуваат домовите и да ги бараат луѓето кои се одалечени од Црквата. Му реков на папата Фрањо дека првите петнаесет „заедници во мисии“ почесниот папа Бенедикт XVI ги испрати во Римската бискупија – истакна Аргуељо.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот