Папата Фрањо повика на инклузивна иднина за мигрантите и бегалците (+Видео)

Папата Фрањо повика на инклузивна иднина за мигрантите и бегалците (+Видео)

Објавено е видеото на папата Фрањо за 108. Светски ден на мигрантите и бегалците, кој се одбележува на 25 септември 2022 година.

Како дел од комуникациската кампања промовирана од Одделот за мигранти и бегалци на Дикастеријата за целосен човечки развој, објавено е видеото на Папата за градење иднина со мигранти и бегалци.

Во подготовките за 108. Светски ден на мигрантите и бегалците, Папата повика на градење иднина во која никој нема да биде исклучен, особено најранливите, вклучувајќи ги мигрантите, бегалците, раселените лица и жртвите на трговија со луѓе. Дополнително, Светиот Отец поставува директно прашање: Што значи да се стават најранливите во центарот?

Заедно со папата Фрањо, во видеото сведочи и младата мигрантка Ана од Венецуела, која благодарение на Црквата со своето семејство започнала нов живот во Еквадор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот