Папата Фрањо ги поздрави бегалците христијани во Ирак
Папата Фрањо телефонираше на христијанските бегалци во Анкава, предградие на Ебрил, во северен Ирак, за да им ги испрати лично своите желби за Среќен Божиќ, велејќи дека нивната судбина е слична на онаа на Исус, кога Светото семејство побегна во Египет. Папата ги увери ирачките бегалци дека во неговото срце во божиќната ноќ се „децата и возрасните“.
Во телефонскиот разговор, пренесуван директно на телевизискиот канал TV2000, кој е на Епископската конференција на Италија, папата Фрањо им посака на сите Среќен Божиќ, велејќи „Вие сте како Исус во ноќта на неговото раѓање: за него немаше место, тој беше протеран и мораше да бега во Египет, за да се спаси. Вие сте како Исус вечерва и јас ве благословувам и сум близу со вас“. Папата посочи дека „Рождеството Христово е празник на Божјата близина со нас и сочувството е прикажување на Бог, нежноста на едно дете, на една мајка. Исус го кажа тоа на две места во Евангелието – во „блаженствата и во Евангелието по Матеј (25: 14-46): Оди и посетувај ги болните, затворениците, сиромашните, бидејќи тие се Божје тело. Тоа е нежност“.
РВ/В.Н.