Папата Фрањо во септември ќе патува за Марсеј

Папата Фрањо во септември ќе патува за Марсеј

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во сабота на 29 јули 2023 година ја објави програмата на Апостолското патување на Папата во францускиот пристанишен град Марсеј, каде што ќе престојува од 22 до 23 септември по повод учеството на завршната седница на Медитеранските средби.

На првиот ден од посетата планиран е лет попладне од Рим и свечен пречек на францускиот претседател Емануел Макрон.

Потоа ќе следи маријанска молитва со свештенството од Марсејската надбискупија, како и време за размислување заедно со верските поглавари кај споменикот на морнарите и мигрантите изгубени во морето.

Наредниот, последен ден од посетата на Марсеј, Папата ќе има приватна средба во надбискупската резиденција со луѓе кои се соочуваат со економски тешкотии. Светиот Отец во 10.00 часот ќе се обрати на завршната седница на Медитеранските средби.

По обраќањето, во Palais du Pharo ќе има средба со претседателот на Франција. Во 16.15 часот, Папата ќе ја предводи светата Литургија на стадионот Велодром, а потоа по свеченото испраќање ќе се врати во Рим.

Медитеранските средби ќе се одржат од 17 до 24 септември. Средбата е замислена како фестивал чија цел е да ги собере младите од сите деноминации и вероисповеди, заедно со бискупите, здруженија и движења од земјите кои граничат со Медитеранот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот