Папата Фрањо: Да ја смениме насоката од поделба кон единство

Папата Фрањо: Да ја смениме насоката од поделба кон единство

Откако ги поздрави учесниците на XXVI. Павловски екуменски колоквиум, Папата истакна дека оваа иницијатива, која обединува научници од различни христијански вери и култури, овозможува да се надминат пречките на недоверба преку средбите со другите, поддржувајќи го дијалогот помеѓу различни појдовни точки кои бараат заедничка основа почнувајќи од Светото Писмо: Нека придонесе за поголем дух на братство меѓу верните.

Ако низ историјата поделбите биле причина за страдање, денес мора да се посветиме на пресврт за тој тренд, напредувајќи по патот на единство и братство кои започнуваат токму со молитва, проучување и заедничка работа.

Папата Фрањо ги поттикна христијаните да чекорат обединети и да се ангажираат за сведочење, овој апел Светиот Отец го упати во Апостолската палата до учесниците на XXVI. на Павловски екуменски колоквиум, иницијатива покрената непосредно по Вториот ватикански собор од страна на група научници од десетина земји и од различни христијански традиции. Ова доведе до интензивен курс за проучување и истражување, придонесувајќи за библиското и духовното познавања на Посланијата на апостолите на народот.

Средба што овозможува разговор со другите

Средбата, која вклучува различни христијански деноминации и љубители на свети Павле, кои се среќаваат за да ги споделат своите специфични студии, но и оригиналноста на културата на потекло и верскиот живот на нивната христијанска заедница, дава голем придонес – рече Папата во својот говор – затоа што отвора дијалог помеѓу различни појдовни точки кои бараат заедничка основа почнувајќи од Светото Писмо и овозможуваат точна и научна егзегетска споредба, која својот животен простор го наоѓа во молитвата и духовноста. Во исто време, овозможуваат да се истакне убавината на посланијата на апостолот и нивната важност за христијанскиот и црковниот живот.

Освен тоа, според Папата, во Павловскиот екуменски колоквиум има и храброст да се надминат пречките на недоверба, кои често се појавуваат кога ќе бидеме повикани да се сретнеме со друг, а уште повеќе кога другиот има поинаква традиција од нашата.

Неочекувани Божји патишта

Осврнувајќи се потоа на размислувањата за 9, 10 и 11 поглавје од Посланието на апостол Павле до Римјаните, кои се во центарот на Колоквиумот оваа година, Римскиот бискуп истакна дека тоа е извонредно изложување на таинството на спасението, што доведува до однос – а со тоа и до дијалог – даровите и Божјиот повик на Израелот и надежта на Евангелието, преку кои апостолот на народите ни дава важна порака за која треба да ги продлабочиме библиските студии и да го негуваме екуменскиот дијалог.

Бог не пропушта да ги исполни своите ветувања за спасение и трпеливо ги исполнува, дури и на неочекувани и изненадувачки начини. Но, основната сигурност е дека верниците можат да имаат доверба во Божјата милост и ветувања. Дури и во нивната слабост и во повеќекратните закани што ја загрозуваат нивната вера, можат да сметаат, преку Христовата смрт и воскресение, на делотворното ветување за Божјата благодат.

Вистинскиот екуменизам се реализира одејќи

Светиот Отец ги охрабри учесниците на Павловскиот екуменски колоквиум да го продолжат академскиот, библискиот, духовниот и братски дијалог, да го стават во оптек изворното богатство на кое секој е носител, точно и компетентно да продолжат со библиското истражување. Меѓутоа, во исто време, треба да дозволат да бидат изненадени од безбројните духовни извори содржани во посланијата на апостол Павле за да им дадат на христијанските заедници „нови зборови“, способни да ја пренесат милосрдната добрина на Отецот, реалноста на Христовото спасение, и обновителната надеж на Духот. Затоа, изрази надеж дека работата на проучувачите на делото на свети Павле, често макотрпно и скриено, ќе го зајакне екуменскиот дух кај верните, духот на дијалог и братство што им помага заедно да чекорат во потрага по Господ.

Папата Фрањо на крајот ги поттикна присутните да продолжат со екуменкото одење, да чекорат, да се молат и да работат заедно.

Вистинскиот екуменизам се постигнува одејќи: не смееме да се плашиме да чекориме, да чекориме со другите, со доверба во другите; и со служење: служење на сиромашните и помагање на христијанските и нехристијанските заедници. Одете и служете: така одете напред.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот