Папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на социјалните комуникации:„Навестувајте го семејството !

„Навестувајте го семејството – привилегирано место за средба со неповратната љубов“ тоа е насловот на темата, која папата Фрањо ја одбра за 49-тиот Светски ден на социјалните комуникации, кој се одбележува на 17 мај во многу земји ширум светот, недела пред на празникот Педесетница.
Оваа година темата на Светскиот ден е продолжение на минатогодишната тема и истовремено е во контекст на претстојната Епископска синода посветена на семејството“, стои во пораката на Папскиот совет за социјални комуникации.
„Дневните вести ни ги покажуваат потешкотиите на семејството. Но, многу често, културните промени не можат да помогнат да се разбере вредноста на семејството, се вели во соопштението. Оттука и серијата прашања кои го објаснуваат и изборот на темата: „Како да се каже на повреден и разочаран современик дека љубовта помеѓу еден маж и една жена е нешто многу добро? Како да се објасни дека децата се највреден дар? Како да се стопли повредено и измачено срце од многу разочарувања во општеството: не се предавај, започни повторно? Како да раскажеме дека семејството е првата важна средина во која се доживува убавината на животот, радоста на љубовта, безрезервноста, утехата на прошката и каде почнуваат средбите со другите?“.
Оттука и задачите кои Црквата сака да ги посочи и со кои треба да се занимава медиумскиот сектор: „Денес, Црквата повторно треба да се научи да раскажува за големиот, изобилен и убав дар, кој е семејството. Таа е повикана да најде начин за да каже дека неповратната љубов која си ја нудат меѓусебно сопружниците, ги зближува сите луѓе кон Бог. Тоа е воодушевувачка задача, бидејќи не тера да ја видиме вистинската реалност на човекот и ги отвора вратите кон иднината, кон животот“. РВ/В.Н.
2259

Категорија: Ватикан

За авторот