Папата по повод Собранието на CCEE: Да и помогнеме на денешна Европа, исцрпена од замор

Папата по повод Собранието на CCEE: Да и помогнеме на денешна Европа, исцрпена од замор

Годишното генерално собрание на Советот на европски бискупски конференции (CCEE), кое оваа година слави 50 години, започна со света Литургија предводена од папата Фрањо во базиликата Свети Петар.

На собранието учествуваат претседатели на бискупските конференции од цела Европа, а ќе трае до недела, 26 септември. Европските бискупи ќе зборуваат на тема: „Советот на европски бискупски конференции, 50 години во служба на Европа, сеќавање и перспективи со поглед на енцикликата Fratelli tutti“.

Во својата проповед, Светиот Отец истакна три збора за кои, како христијани и европски бискупи, се повикани да размислуваатат: размислување, обноват и гледање.

Црквите се празнат, а Исус сѐ повеќе се заборава

Преку пророкот Агеј, двапати Господ ги повикува луѓето да размислат за нивниот пат, рече тој. Кои се тие патишта за кои треба да се размислува?

Луѓето, по враќањето од прогонство, се грижеле за обнова на своите домови, но „време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е Светилиштето запустено?”, а нема кој да го обнови Размислете за вашите патишта (сп. Агеј 1,5).  Овие зборови се предизвикувачки и денес, затоа што во Европа ние христијаните можеме да бидеме во искушение да останеме во удобноста на нашите структури, домови и цркви, во сигурноста, која ни ја даваат нашите традиции, задоволни со одреден степен на консензус, додека црквите околу нас сѐ повеќе и повеќе се празни, а Исус сѐ повеќе се заборава.

Размислете за тоа колку луѓе повеќе не се гладни и жедни за Бога, истакна Папата. Не затоа што се зли, туку затоа што нема никој во нив да го разбуди копнежот за вера и да ја угаси жедта на човечкото срце.

Решението е во благодарно дарување

Светиот Отец исто така истакна дека „диктатурата на потрошувачот“ ја потиснува таа жед. Толку многу луѓе се условени да чувствуваат само материјални потреби, но не и потреба за Бог. Понатаму, тој ги повика црковните пастири не само да бидат „преокупирани“ со ова прашање, туку навистина да се грижат за одговорот, нагласувајќи дека Божјото Слово нѐ предизвикува да гледаме на себе. Дали чувствуваме грижа и сочувство за оние што ја немале радоста да го сретнат Исус или ја изгубиле таа радост? Дали сме удобни затоа што нашите животи всушност се одвиваат како и обично, или сме загрижени кога гледаме толку многу браќа и сестри оддалечени од Исусовата радост, праша Папата.

Тој се осврна и на тоа дека недостатокот на милсордие предизвикува незадоволство, бидејќи само љубовтљ го исполнува човечкото срце. Ова се случуваи со нас, рече Папата: фокусирајќи се на различни позиции во Црквата, на дебати, агенди и стратегии, ја губиме од вид вистинската програма, евангелието: склоноста кон милосрдие, ревноста за благодарност. Решението на проблемот и преокупацијата со себе е благодарно да се даруваме, посочи Петровиот наследник.

Започнете од темелите, погледнете кон иднината

По размислувањето, следниот чекор е обновата. „Градете го храмот“, вели Господ преку пророкот (Агеј 1,8) и луѓето го обновија Храмот. Престанаа да се задоволуваат со мирна сегашност и почнаа да работат за иднината. Тоа е неопходно за да се изгради заеднички европски дом: да се остави краткорочната итност и вражање на долгорочната визија на татковците, пророчката визија за целината.

Истото може да се каже и за Црквата, Домот Господов. За да биде убаво и отворено, мора заедно да гледаме заедно кон иднината, а не да го обновуваме минатото. Се разбира, мора да започнеме од темелите, рече Светиот Отец, бидејќи таму започнува обновувањето, од живата традиција на Црквата заснована на суштинското – радосната вест, близината и сведочењето.

Папата им се заблагодари на бискупите за обновата што ја прават преку милост Божја. Ви благодариме за овие први 50 години служба на Црквата и на Европа. Да се охрабруваме едни со други и при тоа никогаш да не се обесхрабриме и да попуштиме.

Во Божјиот повик да се обнови Домот, глаголот „градете“ е во множина. Секое обновување е заедничка, во заеднииштво со другите. Визиите може да се разликуваат, но заедништвотот мора да се зачува, повика Папата.

Сведочење со живот и со горлива љубов

Ако се обновиме на тој начин, ќе можеме да им дозволиме на нашите браќа и сестри да видат.

Толку многу луѓе во Европа ја гледаат религијата како „déja vu“, остаток од минатото. Зошто? Бидејќи не го видоа Исус на дело во нивните животи. Ова често се случува затоа што ние, со нашите животи, не доволно сме сведочеле. Бог се открива во лицата и делата на мажите и жените кои се преобразени со Неговото присуство.

Ако христијаните, наместо да зрачат со заразната радост на Евангелието, продолжат да зборуваат застарен, интелектуален и моралистички религиозен јазик, луѓето нема да можат да го видат Добриот Пастир, предупреди папата Фрањо. Тие нема да го видат Оној чија горлива љубов ние ја проповедаме, бидејќи тоа е љубовта, која зафаќа, љубовта кон човештвото. Оваа божествена, милосрдна надможна љубов е вечната новост на евангелието.

Ова бара од нас, драги браќа, мудри и храбри одлуки, донесени во името на неверојатната љубов со која Христос нѐ спаси. Исус не бара од нас да изнесуваме аргументи за Бога, туку да сведочиме, со нашите животи, како што правеле светиите. Нѐ повикува на молитва и сиромаштво, креативност и благодарност. Да ѝ помогнеме на денешна Европа, исцрпена од замор, повторно да го открие вечното младешко лице на Исус и неговата Свршеница. Како да не се посветиме на тоа сите луѓе да ја видат оваа неизбледлива убавина, рече Светиот Отец на крајот од својата проповед.

Ново претседателство на CCEE

На самиот крај беше прочитана пораката од кардиналот Ангел Бањаско, претседател на CCEE. Пораката пред Светиот Отец ја прочита кардиналот Винсент Николс, потпретседател на CCEE.

Меѓу другото, кардиналот Бањаско во пораката напиша дека на крајот на собранието ќе се избере ново претседателство на CCEE. За нас беше чест и големо искуство, рече тој како претседател на Советот. Убедени сме дека новото претседателство ќе биде можност за збогатување и поттик да и служи на Европа.

Советот на европски бискупски конференции е основан во 1971 година, а потоа одобрен од Свети Павле VI.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки CCEE, Папа Фрањо

За авторот