Папата Фрањо: Војната е лудост

Војната е лудост, неговиот план за развој е уништување: сака да се развива преку уништување! Денес може да се каже дека во светот се води Трета светска војна со битките на поедини делови на земјата, со злосторствата, колежите, уништувањето…

Војната е лудост, истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 13 септември во воената капела во Редипулија покрај Трст по повод 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна. Гледајќи ја убавината на локалниот предел, каде што мажите и жените работат и со својата работа ги прехрануват своите семејства, каде што децата си играт, а старите сонуваат… наоѓајќи се овде на ова место во близина на овие гробови можам да кажам само едно: војната е лудост, рече папата во Редипулија каде што престојува во еднодневна посета.

„Додека Бог донесува подобрување за Своето создание, а ние луѓето сме повикани да соработуваме во Неговото дело, војната уништува. Го уништува и најубавото кое Бог го создал: човекот. Војната уништува сè, па и братската поврзаност. Војната е лудост, неговиот план за развој е уништување: сака да се развива преку уништување! Денес може да се каже дека во светот се води Трета светска војна со битките на поединечни делови на земјата, со злосторства, колежи, уништување… Алчноста, нетолеранцијата, горделивата желба за власт… тоа се причини кои поттикнуваат на воена одлука, а таквите причини често се оправдани со некоја идеологија, но пред сè се поттик за уништување. Со идеологијата сака да се оправда војната, но кога нема идеологија тогаш постои одговорот на Каин: Зар тоа е моја грижа? Зар јас сум чувар на мојот брат? Војната не штеди никого: старите, децата, мајките, татковците..“ рече Папата.

И над влезот во просторот на спомен гробницата во Редипулија ја пишува изјавата на Каин: „Зар тоа е моја грижа?“, рече Папата додавјќи дека „индиферентниот став е спротивно на она што од нас го бара Исус во Евангелието.“ И денес жртвите на војната се многу… Како е можно тоа?, праша Папата и одговори: Можно е бидејќи и денес постојат скриени интереси, геополитички планови, алчноста за пари и моќ, а тука е и индустријата за оружје, која изгледа многу важна! А тие планери на ужасот, тие организатори на конфликти, како и претприемачи кои се занимаваат со оружје, си запишале во своето срце: „Зар тоа е моја грижа?“. Својствено за мудриот човек е да ги признае грешките, да почувствува поради тоа тага, да се кае, да замоли за простување и да плаче. Со тоа: „Зар тоа е моја грижа?“ кое што во своите срца го имаат запишано поединци кои од војната направиле профитабилна работа, можеби и заработуваат многу, но нивното расипано срце ја изгубило способноста за плачење. Каин не плачел. И Каиновата сенка надѕира над нас денес овде, на овие гробишта. Се гледа овде. Може да се види во историјата која датира од 1914 година до денес. А се гледа и во нашите денови…“

„Со синовско, братско, татковско срце“, рече на крајот Папата, „ве молам сите вас и за сите нас преобраќање на срцето: да поминеме од она „зар е тоа моја грижа?“ на плачење. За сите кои загинале во тој бесмислен масакар, за сите жртви на лудилото на војната, во секое време. Браќа, човештвото има потреба да плаче, а ова е часот за да плачеме“, рече Папата.

Со Папата на Литургијата концелебрираа епископи од Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија и од повеќе италјанските покраини. Присутни беа стотина свештеници од државите учеснички во Првата светска војна од 1914 -1918 година и десетина илјади верници.

Пред Литургијата Папата ги посети австро-унгарските гробишта во Редипулија каде што пред споменикот се задржа во молитва. Во Редипулија се наоѓа спомен – грбницата во која се закопани посмртните останки на 100.187 лица паднати во Првата светска војна од кои 39.857 се идентификувани и се испишани нивните имиња, а 60.330 се непознати.

РВ/Д.И.

2190

Категорија: Ватикан

За авторот