За излез од кризата потребна е грижа за создаденото и братство

За излез од кризата потребна е грижа за создаденото и братство

Папата Фрањо испрати порака до учесниците на собирот и ги поттикна комисиите за правда и мир на Бискупските конференции од целиот свет, кои – преку видеоконференција – се собраа денеска на дводневен состанок за да разговараат за нивната улога во „времето (после) КОВИД”, анализирајќи ги предизвиците и перспективите во светлината на енцикликата Laudato si ‘i Fratelli tutti

Во остварување на посланието за ширење и запознавање со социјалната наука на Црквата, можете изобилно да црпите од енцикликата Laudato si’ и Fratelli tutti, обидувајќи се да ги поврзете според различни локални околности, во различни континентални, регионални и национални контексти – рече папата Фрањо во пораката до учесниците на дводневниотсостанок на комисиите за „Правда и мир“ на Бискуипските конференции, кој започна на 17 ноември 2201 година и се одржува онлајн. Состанокот е организиран од Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, а неговата цел е да ја поттикне соработката помеѓу комисиите и дикастериите.

Во секој дел од светот, напиша Папата, целосниот развој, а со тоа и правдата и мирот, може да се изградат само на два начина: со грижа за заедничкиот дом и братство и со социјално пријателство. Тоа се две патеки кои потекнуваат од Христовото Евангелие, но по кои можеме да одиме заедно со многу мажи и жени од други христијански конфесии, други религии, па дури и со оние без одредена религиозна припадност. Затоа ве охрабрувам да продолжите со оваа работа со надеж, решителност и креативност. Го правам ова знаејќи добро колку е тежок актуелниот контекст, обележан со здравствена и социјална криза поради пандемијата КОВИД-19, како и старите и новите жаришта на конфликти, додека се тежнее за назадување во однос кон обврските преземени по ужасните трагедии од минатиот век.

Сегашната криза откри многу противречности во економскиот и политичкиот систем, но и понатаму постојат нерешени предизвици за кои е потребно заедничко учество на многу учесници – објасни Папата и ги охрабри учесниците да се соочат со овие прашања во соработка со другите црковни и граѓански реалности – локални, регионални и меѓународни – посветени во промовирањето на правдата и мирот. Меѓу друго, Папата во својата порака потсети дека свети Павле VI, непосредно по завршувањето на Вториот ватикански собор, ја основал Папската комисија Iustitia et Pax, а свети Иван Павле II. ја реформирал во Папски совет за правда и мир.

Сигурен сум дека овие двајца свети Папи, со нивното застапништво, продолжуваат да ја следат вашата работа во бројните комисии за правда и мир на бискупските конференции низ целиот свет. Овие комисии вршат многу важна служба, во рамките на социјалната пасторална грижа на локалните Цркви. Имено, тие имаат задача да ја шират и да ги запознаат другите со социјалната наука на Црквата, успешно работејќи на заштита на достоинството на човековата личност и неговите права, давајќи им предност на сиромашните и последните. На тој начин придонесуваат за зајакнување на социјалната, економската и еколошката правда, и градењето на мирот – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот