Папата упати порака до Еврејската заедница во Рим

Бог нека ни даде заедно да работиме за промовирањето на правдата и мирот во светот, кој има многу потреба од нив”, стои во пораката на папата Фрањо упатена до главниот рабин на Рим, Рикардо ди Сени, по повод еврејската Нова Година (Рош Хашана), и празниците Јом Кипур, празник на помирувањето, покајанието и простувањето и Сукот, четириесетгодишното талкање на Евреите низ пустината по излегувањето од Египет пред да стигнат во Ветената земја.

Папата ги упати своите срдечни честитки до Еврејската заедница во Рим и посака „благослов од Севишниот, за да можат овие празнични денови да бидат извор на среќа и повод за зајакнување на семејните и колективни врски”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот