Папата упати телеграма со сочувство за жртвите погодени од експлозијата во Тексас

Ватикан, 20.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо изрази духовната блискост со жртвите од големата експлозија во фабриката за ѓубрива во американската сојузна држава Тексас, која однесе десетици животи, а стотици луѓе се повредени. Експлозија од огромни размери ја срамни со земја фабриката за ѓубрива во гратчето Вако во Тексас, а уништени се и голем број околни куќи и згради, меѓу нив и едно училиште. Во телеграмата до епископот на Остин Џо Васкез, Папата изрази сочувство за сите погодени од трагедијата и моли од Господ да им дарува мир и утеха на оние кои тагуваат и да им помогне на кои се вклучени во операциите за спасување.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<