Ангел Господов: Имајте доверба во Христовото слово, кое го менува светот и срцата

Ангел Господов: Имајте доверба во Христовото слово, кое го менува светот и срцата

Повикани сме да имаме доверба во Христовото слово, да се отвориме за милоста на Отецот и да дозволиме да нè преобрази милоста на Светиот Дух – рече папата Фрањо. После пладневната молитва Ангел Господов Папата потсети на 75 годишнината од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц – Биркенау, како и на Светскиот ден на болните од лепрата. Посебна близина искажа на болните од вирусот кој се прошири во Кина и на крајот ги поздрави младите од Католичка акција.

Преобратете се зашто се приближи Царството небесно! Со тие зборови Исус го започна своето проповедање на периферијата – рече Папата пред молитвата Ангел Господов во недела 26 јануари 2020 година, осврнувајќи се на литургиското евангелие, кое зборува за Исусовото јавно делување. Со неговото доаѓање кое е светло на светот, Бог Отецот на човештвото му ја искажува својата близина – рече Папата и истакна: Не е возможно да се промени животот и да се преобратиме, да го напуштиме патот на себичноста и гревот, затоа што често се потпираме на себе, а не на Христос.

Заедништвото со Исус не може да биде без плод на нашиот личен труд, отвореноста на срцето и паметот ја прифаќаат Неговата радосна вест, односно Божјото слово кое го менува светот и срцето.

Повикани сме да имаме доверба во Христовото слово, да се отвориме на милосрдието на Отецот и да дозволиме да нè преобрази милоста на Светиот Дух – рече Светиот Отец и додаде: Средбата на првите ученици со Исус Учителот, со Неговиот поглед и Неговото слово, ги поттикна да го следат и да ги менуваат животите, ставајќи се конкретно во служба на Божјото царство. Сите сме повикани да бидеме гласници на Божјото слово. Имитирајќи ги тие први гласници, секој од нас може да ги следи чекорите на Спасителот, како би даделе надеж на оние кои се жедни за неа.

После пладневната молитва Светиот Отец потсети дека на 27 јануари се одбележува 75. годишнина од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц – Биркенау. Пред таа голема трагедија, рамнодушноста не е дозволена, а сеќавањето е задолжително – рече Папата и сите ги поттикна на молитва, зборувајќи во срцето: Никогаш повеќе! Исто така потсети дека денес се одбележува Светскиот ден на болните од лепра. На сите болни им ја искажа својата близина.

Исто така Папата искажа близина со заболените од вирусот кој се прошири низ Кина. Го молеше Господ за починатите, и утеха за семејствата, да помогне на напорите на кинеското општество, како би се запрела епидемијата. На крајот Светиот Отец посебно ги поздрави младите од Католичка акција, кои му порачаа: Дојдовме да те сретнеме на оваа прва Недела на Божјото Слово, за да можеме да се концентрираме на големата вредност кое Божјото Слово го има во нашиот секојдневен живот. Од оваа година па понатаму, за нас тоа ќе биде средба која ќе ја очекуваме со радост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот