Папата: Епископот е слуга, а не принц

Папата: Епископот е слуга, а не принц

Епископот не смее да биде вообразен, горделив…

Епископот е слуга, а не принц – рече папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта, која ја служеше на 12 ноември 2018 година на празникот на епископот и маченик свети Јозафат, зборувајќи каков мора да биде епископот и осврнувајќи се на читањето за денешната Литургија од Посланието до Тит.

Ревноста и недостатокот на ред се две работи кои Папата ги истакна за да каже како се родила Црквата потсетувајќи исто така и на убавите работи кои се направени. Во Црквата секогаш постои збрка и силата на Светиот Дух. Заради недостатокот на ред не смееме да се исплашиме затоа што и тоа е убав знак – рече Папата и објасни: Кога Црквата е основана не било сè уредено, никогаш не била без проблеми и збрки. Таа збрка и недостатокот на ред треба да се уреди. На Првиот ерусалимски собор имало борба помеѓу Евреите и незнабошците. Организирале собор и ги средиле работите.

Затоа свети Павле го остава Тит на Крит за да воведе ред, потсетувајќи го дека првата работа е верата – рече Светиот Отец и продолжи: Во исто време дава критериуми и упатства за ликот на епископот како Божји распоредник. Епископот го опишува како Божји распоредител, а не како управител на добра, моќ и врски, туку Божји распоредител кој секогаш мора да биде самокритичен прашувајќи се: Дали сум распоредител Божји или сум профитер? Епископот е Божји распоредител кој мора да биде беспрекорен. Истата работа Бог ја барал од Авраам: Оди во моето присуство и биди беспрекорен. Со тие зборови некој се поставува за водач.

Потсетувајќи дека епископот не смее да биде вообразен, горделив, да не се гневи и склон на виното еден од најчестите пороци во времето на свети Павле. Не смее да биде профитер и наврзан на парите, со тоа папата Фрањо предупреди дека таквиот епископ е неволја за Црквата, па и ако има место само за една од тие мани. Ако е гостољубив, доброљубив, разумен, праведен, свет, кој се држи според вистинското слово, тогаш е слуга Божји.

Таков мора да биде епископот – рече Папата и препорача: Кога започнува постапката за избор на епископ, би било добро да се постават тие прашања на почетокот за да се знае дали може да се продолжи со постапката. Но, пред сè се гледа дека епископот мора да биде понизен, кроток, слуга, а не принц. Тоа го бара Словото Божјо. (…)

Во Црквата не може да се воспостави ред без таквото однесување на епископот – рече Светиот Отец и напомена: Она што вреди пред Бог не е тоа што сме симпатични и добро да проповедаме, туку понизноста и служењето. Потсетувајќи на празникот свети Јозафат, епископ и маченик, Папата на крајот поттикна на молитва за епископите за да биде како што бара свети Павле.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот