Папата упати порака со сочувство по повод смрта на кардинал Ангелини

Во петок 21 номеври 2014 година на 98 годишна возраст почина кардинал Фиоренцо Ангелини. По тој повод Светиот Отец и Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, испратија порака со сочувство. Во својата порака Папата го изразува своето сочувство со сите кои се погодени од смртта на кардинал Ангелини, како и благодарност за неговото служење на Црквата.

Кардинал Паролин во својата порака пак го истакнува великодушното служење на Светиот Престол, а душата на починатиот кардинал ја доверува на мајчинската заштита на Пресвета Богородица.

Во двете пораки се изразува благодарност до сестрите Обовителки на Светото Лице, кои се грижеа за покојниот кардинал.

Кардинал Ангелини е поранешен претседател на Папскиот совет за здравствени работници и е основач на Католичкото лекарско друштво во Италија. Во 1991 година светиот папа Иван Павле II го именува за кардинал.

РВ/к.мк/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот