Папата подари респиратори за домородното население во Бразил

Папата подари респиратори за домородното население во Бразил

Во болницата Hospital de Campanha во бразилската сојузна држава Пара, пристигна еден од четирите респиратори кои ги подари папата Фрањо, посебно за да се помогне во потребите на домородните народи во борбата против коронавирусот.

Тоа е прекрасно дело на солидарноста на папата Фрањо направено преку апостолската нунцијатура, наменето за болницата во градот Мараба посветена на погодените од болеста Ковид-19. Бараме да се користи посебно за домородните народи, бидејќи тие се во најголема потреба – изјави за Ватикан Њус епископот на градот Мараба Витал Карбелини. Во едно видео објавено на интернет страната на бискупијата се гледа монс. Витал како зборувајќи пред болницата толкува дека респираторот ќе се користи за сите луѓе на кои најмногу им е потребен, и од срце се заблагодарува на папата Фрањо и нунциј надевајќи се дека тие уреди ќе помогнат во спасувањето на животот.

Респираторот – еден од четирите кои Ватикан ги испрати во Бразил – пристигнаа во градот Мараба во неделата и локалниот епископ ги предаде на координаторот за здравство во текот на посебната свеченост одржана во понеделникот претпладне. Спомнатата болница има 10 кревети наменети за домородните пациенти заболени од болеста Ковид-19, од кои сите се зафатени.

Папата Фрањо го има на срцето домороднто население чии права често се прекршени. Меѓутоа владата на тие луѓе не им посветува многу внимание. Нивната земјата, нивните шуми и реките се зафатени; заради тоа на тие луѓе треба да се гледа со наклонетост и да им се помогне да живеат добро. Сега го имаме тој апарат кој може да помогне да се спасат човечки животи и го предаваме токму овде, во ова многу важна болница во градот Мараба – истакна епископот Карбелини во разговор за еден тамошен медиум.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот