Кардинал Томко: Папата добро ја познава Словачка

Кардинал Томко: Папата добро ја познава Словачка

Во интервју за порталот „Постој“ по повод претстојната посета на Папата пензинираниот словачки куријален кардинал Јозеф Томко (97) изјави дека папата Фрањо „за Словачка знае многу што не би ниту помислиле дека знае“.

Кардиналот Томко истакна дека со својата посета на Словачка Папата го потврдува „својот директен и отворен однос“ кон малите народи. Напомена дека Папата го изненадил и со тоа што лично го најави тоа апостолско патување. Од крајот на јули најстариот кардинал на светот мисли дека папата Фрањо можеби во својата аргентинска татковина дошол во контакт со познатите словачки дисиденти како што се познатиот но и спорен фрањевац и писател Рудолф Дилонг (1905-1986), истакнатиот претставник на словачкиот модернизам и историчар Јозеф Цигер-Хронски (1896-1960), противник на словачкото национално востание. Двајцата биле подржувачи на независноста на Словачка и по Втората светска војна централна фигура на Словаците во егзил.

Кардинал Томко од 1945 година живее во Рим; меѓу останатото и како префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите (1985 – 2001) и претставник на Папската комисија за меѓународни евхаристиски конгреси (2001 -2007). Летата сака да ги поминува во словачкото лекувалиште Бардејовска Купел, а ќе се сретне со папата Фрањо на 14 септември во Кошице. Тоа е и значајно затоа што кардиналот Томко ги читаше говорите на светиот папа Иван Павле II кога веќе имаше тешкотии за да зборува при посетата на Словачка во 2003 година, па така на некој начин ќе ги поврзе во таа земја посебното почитуваниот Папата до Полска и папата Фрањо.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот