Папата: Доброто секогаш победува

Доброто секогаш победува дури и ако на момент може да изгледа послабо или сокриено – рече папата Фрањо на славењето на првата Вечерна за празникот Марија Богородица во ватиканската базилика по што следуваше изложување на Пресветата ОлтарскаТајна и пеење на химната Te Deum.

Доброто секогаш победува дури и ако на момент може да изгледа послабо или сокриено – рече папата Фрањо на славењето на првата Вечерна за празникот Марија Богородица во ватиканската базилика по што следуваше изложување на Пресветата ОлтарскаТајнаи пеење на химната Te Deum. Папата се осврна на страдањата на бегалците и го поттикна градот Рим да биде „привилегиран“ толкувач на верата, прифаќањето, братството и мирот. На крајот на славењето ги посети јаслите на плоштадот Свети Петар и ги поздрави собраните верници.

Светиот Отец во ватиканската базилика поттикна на препознавање на Божјото присуство во историските настани. Во вонредната Света година потсети на силата на Господовата близина, на неговото милосрдие и надеж. Нагласи дека милосрдието е светло со кое подобро сфаќаме сè што доживуваме.

Соочени сме со предизвикот да согледаме дали светските настани се во согласност со Божјата волја или се одвиваат според човечките планови, често набиени со приватни интереси, незаситна жед за моќ и бесмислено насилство – рече Папата. Пред големите страдања повика на искажување на големи гестови на љубовта.

Не можеме да заборавиме рече – дека многу денови беа обележани со насилство, смрт и неискажливо страдање на многу невини луѓе, бегалци кои се принудени да ја напуштат својата татковина, многу луѓе се без дом, храна и средства за издржување. Меѓутоа Папата потсети и на големата добрина, љубов и солидарност кои ги исполнија деновите на минатата година, иако за нив во медиумите не се зборуваше многу. Добрите работи не се ударни вести, рече папата Фрањо додавајќи: Тие знаци на љубовта не можат и не смеат да бидат засенети со силата на злото. Доброто секогаш победува дури и ако на момент може да изгледа послабо и сокриено.

Граѓаните на Рим ги повика да ги надминат тешкотиите на сегашниот момент и да се трудат да ги обноват темелните вредности на служење, почит и солидарност за да се надминат тешките несигурности кои доминираа на сцената на минатогодишните настани нарекувајќи ги „симтоми на негирање на посветоста на општото добро“. Нека никогаш не недостасува позитивниот допринос на христијанско сведочење – посака Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот