Папата упати писмо до монс. Аранседо од Аргентина

Во писмото до монс. Х. М. Аранседо, претседател на Аргентинската бискупска конференција, во пресрет на прославата за 200 годишниот јубилеј од независноста на земјата (9 јули 1816), папа Фрањо ги испрати своите поздрави и својата порака до бискупите, државните власти и до целиот аргентински народ.

Текстот од писмото го пренесуваме во целост.

Драги брате,

Во пресрет на 200 годишниот јубилеј од независноста, сакам срдечно да ве поздравам тебе, браќата бискупи, државните власти и сите луѓе во Аргентина. Сакам оваа прослава сè повеќе да нè зацврстува на патот кој нашите предци го започнале пред двесте години. Со овие желби, на сите Аргентинци им ја изразувам својата близина и ги доверувам во својата молитва.

На посебен начин, сакам да бидам близу до оние кои најмногу страдаат: болните, сиромашните, затворениците, оние кои се чуствуваат осамени, оние кои немаат работа и кои се лишени од секоја потреба, оние кои се или биле жртви на трговија, на трговија со луѓе и жртви на човечка експлоатација, деца жртви на злоупотреба и многу млади луѓе кои се жртви на злобната дрога. Сите тие го носат тешкиот товар на таквата ситуација, а неретко и до своите граници. Тоа се најранливите деца на нашата татковина.

Да, деца на татковината. Во училиштето нè учеа да говориме за мајката татковина, да ја сакаме. Всушност на тоа се темели патриотската смисла на припадноста: на љубовта кон татковината. Ние Аргентинците користиме израз, ризичен и во исто време сликовит, кога говориме за бескрупoлозни луѓе: „Тој е способен да ја продаде и сопствената мајка“; сепак, ние знаеме и длабоко во срцето чуствуваме дека мајката не се продава, таа не може да се продаде… па така ниту татковината.

Славиме двевековно патување на татковината  која во своите желби и мечтаења за братство, се прикажува надвор од границите на самата земја: кон Големата татковина; онаа за која сонуваа свети Мартин и Боливар. Таа стварност нас нè собира во семејство на широки хоризонти и братска лојалност. За оваа Голема татковина и денес молиме во оваа прослава: Господ да ја сочува, да ја зацрвсти, да биде братска и да ја одбрани од било каков вид на колонизација.

На темелите на тие двесте години, од нас се бара да продолжиме да одиме по тој пат и да гледаме напред. За да се постигне тоа, мислам  особено на старите и на младите – чуствувам потреба да ја барам нивната помош за да го продолжиме  својот пат. Од повозрасните луѓе, кои се се „меморични“ („памтачи“, кои имаат добро памтење) за историјата, барам да ја надминат „културата на отпадот“ која светот ни ја наметна, да имаат храброст да сонуваат.  Потребни сме им на нивните сонови, како извор на инспирација. Од младите луѓе барам да не го оставаат своето постоење во бирократската неподвижност, во која многу предлози се погребани на полиците, (кои се) без илузија и јунаштво.

Уверен сум дека нашата земја треба живо да го одржува Јоиловото пророштво (Јоил, 4, 1). Само ако нашите возрасни имаат храброст да сонуваат, а нашите млади  да најавуваат големи работи, нашата земја ќе биде слободна. Ни требаат стари сонувачи кои поттикнуваат; и млади кои – инспирани од истите сонови – ќе одат напред со креативноста на пророштвото.

Драги брате,

Го молам  Бог, нашиот Отец и Господ, да ја благослови нашата земја; да нè благосови сите нас; а Дева Марија од Лујан, како Мајка, да нè чува на нашиот пат. И те молам не заборавај да се молиш за мене.

Братски, Фрањо

РВ/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот