Во своето обраќање до членовите на Калдејската Црква, кои ги прими во аудиенција на 5 октомври 2017 година, Светиот Отец се осврна на важноста на присилните миграции на христијаните и ги повика да бидат градители на единството.
Во своето обраќање до членовите на Калдејската Црква, кои ги прими во аудиенција на 5 октомври 2017 година, Светиот Отец се осврна на важноста на присилните миграции на христијаните и ги повика да бидат градители на единството заедно со другите пастири на другите Цркви, негувајќи дијалог и соработка со другите фактори на општествениот живот, а посебно ги охрабри да обратат посебно внимание на примањето на новите свештенички кандидати.
Светиот Отец ја искористи можноста да ги поздрави верниците во Ирак кои поминаа низ тешки моменти на насилно угнетување, а кои сега доживуваат обнова на животот и делувањето, и им посака Божјата милост да ги ублажи нивните рани од војната.
Ако е и завршен еден трагичен период во вашата земја, рече Светиот Отец, треба да се каже дека остана уште многу од тоа да се направи. Ве молам неуморно да делувате како градители на единството, посебно помеѓу вас пастирите на Калдејската Црква и пастирите на другите Цркви, пред сè поттикнувајќи дијалог и соработка меѓу сите фактори на општествениот живот за да го олесните враќањето на прогонетите, намалување на поделбите и кавгите меѓу браќата, рече папата Фрањо.
Потребен е процес на национално помирување и заеднички напор на сите составни делови на општеството за да се постигнат заеднички решенија за доброто на целата земја, истакна Светиот Отец посакувајќи им никогаш да не им недостига силата на умот, надежта и трудот пред тешкотиите кои сè уште преостануваат, и покрај сето она што веќе е направено, посебно во Нинива.
Вашата земјата е евангелизирана според традицијата на апостол Тома, била цивилизирана земја, земја на средби и дијалог, заради тоа е премногу важно христијаните – пастирите и верниците лаици – да бидат засновани на тие корени, обединети во промовирањето на почитта и меѓурелигискиот дијалог, меѓу сите составни делови на земјата.
Во врска со новите свештенички и монашки кандидати, Светиот Отец на членовите на синодата ги поттикна да избегнуваат да ги повикуваат оние кои не се повикани од Господ; добро да ги преиспитуваат звањата на младите и да ја проверат нивната веродостојност. Им препорача формацијата на свештеничките кандидати да биде сеопфатна и да вклучува различни човечки, духовни, пасторални и интелектуална димензии.
Со нив, пастирите на Калдејската Црква, Светиот Отец ги повика и пастирите на Латинската Црква да размислуваат за темата за дијаспората имајќи ги во предвид конкретните ситуации во кои се живее црковното заедништво, дали во однос на бројната состојба или во однос на верската слобода.
Мораме да направиме сè што е можно, рече Светиот Отец, насоките на Вториот ватикански собор да се остварат; да се олесни пасторалот дали на сопственото или на подрачјето каде веќе долго време се воспоставени источни заедници, промовирајќи во исто време заедништво и братска љубов со заедниците од латинскиот обред, за да им дадеме на верниците лаици добро сведоштво, без ширење на поделби и несогласувања. Екуменскиот и меѓурелигискиот дијалог секогаш тргнува од нашето католичко единство и заедништво. Во тоа ќе ви биде поддршка Конгрегацијата за Источни Цркви.
На крајот Светиот Отец посака ова Синода под заштита на Христос Добриот Пастир да биде плоден момент на средба и братско размислување за доброто на саканата Калдејска Црква.
РВ/к.мк