Дон Фабио Салерно е нов личен секретар на папата Фрањо

Дон Фабио Салерно е нов личен секретар на папата Фрањо

Станува збор за вообичаена измена на персоналот, како што одреди Папата, објасни директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Папата Фрањо на должноста личен секретар го повика дон Фабио Салерно, службеник во Државниот секретаријат, во Одделот за односи со државите – објави директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни.

Во рамките на редовните измени, кои папата Фрањо ги одреди за соработниците во Римската курија, монс. Јоанис Лачи Гаид, Папскиот личен секретар од април 2014 година, ја завршува својата служба. Монсињор Гаид и понатаму ќе биде член на Високиот одбор за човечкото братство, тело кое ја промовира вредноста на Документот за човечко братство за мир и заеднички живот, кој во февруари минатата година го Абу Даби го потпишаа папата Фрањо и големиот имам на Ал-Азхар, Ахмед ал Тејеб.

Дон Фабио Салерно е роден во Катанзаро на 25 април 1978 година. Тој ќе работи заедно со уругвајскиот свештеник Гонзало Аемилиус, кој во јануари беше повикан да го земени Папскиот личен секретар Фабијан Педачија Леаница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот