Папата служеше Миса во базиликата Богородица од Гвадалупе

Папата Фрањо на 13 февруари 2016 година служеше света Литургија во базиликата Гвадалупе во главниот град на Мексико. Тој истакна дека Богордица од Гвадалупе посакала да дојде кај американските домородци преку личноста на свети Хуан Диего и таа „продолжува да го следи развојот на благословената мексиканска земја.“

Во проповедта инспирирајќи се од евангелскиот извештај за посетата на Блажена Дева Марија на Елисавета, Светиот Отец го истакна „да“, преданоста на Марија кон Бог што ја поттикнало да го пружи најдоброто што го има, одејќи во пресрет на другите.

Светиот Отец истакна дека Богордица од Гвадалупе посакала да дојде кај американските домородци преку личноста на свети Хуан Диего и таа „продолжува да го следи развојот на благословената мексиканска земја.“ Спомнувајќи го чудото од 1531 година, Папата рече дека Бог „ја разбудил надежта во малите, страдалниците, изгубените или отфрлените, во сите кои чувствуваат дека немаат достоинствено место.“

Хуан Диего – кој се сметал за недостоен – во сопствениот живот искусил што е надеж и што е Божјо милосрдие. Тој бил повикан да изгради светилиште, а Божјото светилиште – нагласи Папата – „е животот на неговите деца, сите независно од нивната состојба, особено младите без иднина, кои се изложени на бескрајно болни и ризични ситуации и старите кои се непризнати, заборавени и скриени од погледот. Божјото светилиште се семејствата во потреба само она што е неопходно за развој и напредок . Божјо светилиште се лицата на многу луѓе со кои се среќаваме секој ден.“

Потсети дека Марија е наша мајка која гарантира на оние кои страдат дека не ги пролеваат солзите залудно. Повикувајќи ги верниците да бидат Господови гласници, Светиот Отец рече: „Можеме да градиме светилишта делејќи ја радоста на спознанието дека не сме сами, дека Марија секогаш нè следи.“ На крајот на светата Литургија Папата го предводеше обредот на крунисување на сликата Богородица од Гвадалупе заштитничка на Мексико и цела Латинска Америка.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот