Конзеваторски преглед на иконата Salus Populi Romani

Конзеваторски преглед на иконата Salus Populi Romani

Група експерти од музејот во Ватикан спроведоа рутински конзерваторски преглед на древната римска икона на Пресвета Богородица Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ), која се наоѓа во папската базилика Света Марија Велика.

Прегледот е спроведен на 20 јануари во утринските часови во присуство на архипрезвитерот на базиликата кардиналот Станислав Рилка. Директорката на Ватиканските музеи Барбара Јата беше на чело на групата експерти од Лабараторијата за реставрација на иконата.

После кратката молитва иконата била привремено тргната од вообичаеното место во климатизирана витрина над олтарот во павлинската капелата. Групата потврди дека иконата се наоѓа во исклучително добра состојба.

Присутните потоа ја измолиле молитвата Ангел Господов, по што ја вратиле сликата во капелата која во 1613 година се гради по инициијатива на папата Павле V (Camillo Borghese).

Според традицијата иконата Пресвета Богородица Salus Populi Romani ја насликал свети Лука. Во Римскиот понтификат се наведува дека иконата во Рим ја донесува света Елена мајката на царот Константин.

Римјаните уште од средниот век посебно ја почитуваат иконата посебно во моменти на опасност. Папата Фрањо нареди да се пренесе иконата на плоштадот Свети Петар, во времето на првиот бран на пандемијата со Ковид-19 кога на 27 март 2020 година одржа посебен благослов Urbi et orbi. Редовно се моли пред иконата пред и по секое апостолско патување во странство.

Иконата е подложена на опсежни реставраторски работи во 2017 година и за време на свеченото евхаристиско славење кое го предводеше папата Фрањо на 28 јануари 2018 година е вратена во базиликата Света Марија Велика.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот