Папата се сретна со членовите на Католичка акција
Папата Фрањо на 3 мај на завршувањето на XV Национално собрание на „Католичка акција“ во салата Павле VI во Рим се сретна со претседателите и асистентите на тоа здружение. Тоа воедно беше и можност за потсетување на поминатиот пат како и за зацртување на насоките за следниот тригодишен период за кој што е предложена посебно значајна средба, чија цел е да ја зацврсти сопствената мисионерска ангажираност во Црквата и државата.
Светиот Отец во својот говор пред членовите и претставниците на Католичка акција потсети на темата на собранието: „Нови луѓе во Христос“. Соучесници во радоста на живеењето, добро се вклопува во воскресното време кое е време на радост која произлегува од средбата на учениците со воскреснатиот Христос. Таа радост треба да навлегува како евангелизациски стил, способен да влијае на животот.
Вие лаиците од Католичка акција – продолжи Папата – повикани сте во сегашното општество и во црковниот контекст, да го обновите мисионерскиот пат, отворен на хоризонтите кои Светиот Дух ги назначува во Црквата и е израз на обновена младост на лаичкиот апостолат. Парадигма на Католичка акција е парадигмата на посланието – објасни Папата.
Парохиите, особено оние обележани со умор и затвореност, а ги има многу – смета Папата – им треба вашиот апостолски ентузијазам, вашата целосна достапност како и вашето креативно служење. Станува збор за преземање на мисионерска динамика за да се дојде до сите, давајќи предност на оние кои се чувствуваат далеку и најслабите и од луѓето запоставени. Станува збор за тоа да се отвори вратата за Исус да може да излезе, затоа што многу пати Исус со себе го затвораме во парохијата; а не излегуваме и ние, ниту Него го пуштаме да излезе – објасни Светиот Отец, додавајќи дека тука станува збор за Црква која излегува.
Мислев да ви соопштам три глагола кој би можеле да ви го покажуваат патот на кој сте се упатиле. Првиот е да останеш, но тоа не значи да останете затворени – додаде Папата. Да останеш значи да останеш со Исус; да останеш и да уживаш во неговото друштво. За навестување и сведочење потребно е да останеш во Неговата близина. Од средбата со Него кој е наш живот и наша радост, нашето сведоштво одново секој ден да се црпи ново значење и нова сила.
Другиот глагол е да одиш. Католичката акција никогаш не запира! Не застанувајте, туку одете; одете на улиците на вашите градови и земји и навестувајте дека Бог е навистина Отец и дека Исус тоа ви го откри и тоа е причината за промена на вашиот живот. Можно е да живеете како браќа, донесувајќи надеж која не разочарува. Во вас нека гори желбата Божјото Слово да го пренесете на маргините, обновувајќи ја така својата ангажираност преку средбата со човекот каде и да се наоѓа; таму каде што трпи и каде што се надева; таму каде што љуби и каде што верува и таму каде што неговите соништа се најдлабоки; искрени прашања и желба на срцето. Таму ве очекува Исус – рече папата Фрањо – тоа значи да излезеш, излегувајќи, оди директно.
На крајот: радувај се. Радувај се и весели се во Господ секогаш! Биди човек кој на животот пее; кој пее со вера. Не само да го рецитираш Верувањето, да ја познаваш верата, туку пеј ја – поттикна Светиот Отец – Да ја изрецитираш својата вера и да живееш со радост значи да пееш со вера. И тоа не го велам јас – тоа го кажа свети Августин пред 1600 години – да ја пееш верата!
Радувајте се бидејќи Господ ве повикал на соучество во посланието на својата Црква. Радувајте се бидејќи на тој пат не сте сами; Господ ве следи; тука се и вашите епископи и свештеници кои ве поддржуваат како и вашите парохиски и бискупски заедници со кои сте на тој пат. Не сте сами! – повтори Папата.
Така правејќи: останувајќи со Исус, излегувајќи на границите и маргините и живеејќи ја радост што припаѓате на Христос, ќе можете да го продолжите својот повик и да го избегнете искушението на тишината која нема ништо со Исусовата близината; избегнувај го искушението на затвореност и интимизам. Ако појдете нема да паднете во тоа искушение. Тука исто така е избегнувањето на формалната сериозност и останувајќи со Исус, излегувајќи на границите и живеејќи ја радоста на припадност на Христос, можете да го избегнете и ова: како луѓе кои Исус ги повикува на живот и радост на Евангелието да наликувате на музејски споменици!
Да измолиме од Господ секој од нас да ни подари очи кои ќе знаат да гледат зад појавите; уши кои се способни да го слушнат крикот, шумот и тишината; раце кои знаат да поддржуваат, прегрнуваат, лекуваат. Над сѐ да побараме големо и милосрдно срце кое сака добро и спасение на сите. Нека ве следи Безгрешна Марија како и мојот благослов и ви благодарам бидејќи знам дека се молете за мене – рече Светиот Отец поттикнувајќи ги присутните да пристапат кон Богородица со молитвата Радувај се Маријо…
РВ/Д.И.