Папата Фрањо служеше света Литургија во Рабат

Папата Фрањо служеше света Литургија во Рабат

Најголемото наследство и богатство на христијанинот е да учествува на прославата на Отецот и да го прифати бескрајното Божјо милосрдие.

„Сè мое е твое“ (Лк 15, 31) му рече таткото на постариот син и не мислел само на материјалните добра, туку на учествувањето во сопствената љубов и сочувствувањето – рече папата Фрањо на светата Литурија која ја служеше во Рабат, во Мароко на 31 март 2019 година  и истакна: Ова е најголемото христијанско наследство и богатство затоа што наместо да се мериме или класифицираме според моралната, општествената, етничката или верската состојба, можеме да препознаеме дека постои уште една друга состојба која никој не може да ја уништи, ниту негира, бидејќи таа е дадена како чист дар. Тоа е состојбата на деца кои Отецот ги љуби, очекува и на кои им се радува.

Така Папата го коментираше светото Евангелие на светата Литургија која ја служеше во Рабат, а кое зборуваше за параболата за милосрдниот Отец или како што е уште попозната за блудниот син. За нас таа парабола денес е непријатна, како и за луѓето во минатите векови – рече Андреа Торниели, директор на програмата на Радио Ватикан. Тешко е таа парабола да се разбере, или уште подобро да се прифати. Зошто таткото со копнеж го чекал помладиот син кој брзо потрошил и го расфрлил половина од богатството кое без мака го стекнал како наследство? Зошто таткото со отворени раце го прифатил тој смрдлив син кој после неприличен живот морал да пасе свињи?

Зошто заради неговото враќање организирал голема прослава? Зошто речиси не му ни дозволил да зборува, да се обвинува за своите гревови и да се понизни наведувајќи ги? Зошто не го ставил во карантин, да го натера да изврши вистинска покора и да наметне период на рехабилитација како што ние би направиле? Во одговорот на тие прашања е центарот на пораката за бесплатното и премногу изобилно божествено милосрдие кое не познава чисти и нечисти, туку на сите сака да им помогне повторно да се дигнат само ако дозволат да ги прегрне. Тој е Бог Кој не се плаши да влезе во темнината на гревот и Кој ја бара секоја прилика за да прости.

Таа е божествената карактеристика, милосрдието далеку од нашите беди и пресметки – рече Торниели. Можеме слободно да кажеме: сите повторно се препознаваме во однесувањето на постариот син кој лошо одговара на таа бесплатна и премногу сериозна љубов на Отецот кон помладиот син. Тој помлад брат кој ја запознал бездната на гревот се вратил со надеж дека повторно ќе биде примен на татковата трпеза, но меѓу слугите. Меѓутоа се нашол во прегратката, се вратил и повторно му е дадено според човечката пресметка незаслуженото, потполно да биде син, примател на љубовта која никогаш не се прекинала и од која само тој сакал да се оддели.

Во таа парабола за многу од нас „постари синови“ кои се сметаме за надмоќни, праведни кои го исполнуваат законот, поинакви од „нечистите грешници“ многу е тешко да се прифати тоа големо учење. Постариот син е повикан да учествува на прославата заради братот кој повторно е најден; и повикан е пред сè да препознае дека неговото најголемо наследство и богатство е токму да учествува на прославата и тоа бескрајно милосрдие да се обиде да го доживее како свое.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот