Папата Фрањо во аудиенција го прими претседателот на Република Куба

Папата Фрањо во аудиенција го прими претседателот на Република Куба

Папата Фрањо го прими кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез и неговата придружба на приватна аудиенција во Ватикан

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник, 20 јуни 2023 година, се наведува дека папата Фрањо во ватиканската сала Павле VI го примил претседателот на Република Куба, Мигел Дијаз-Канел Бермудез.

Претседателот потоа се сретнал со кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, придружуван од монс. Даниел Пача, ватикански потсекретар во мултилатералниот сектор на Одделот за односи со држави и меѓународни организации.

Како што се наведува во соопштението, меѓу темите на разговор биле и важноста на дипломатските односи меѓу Светиот Престол и Република Куба, при што, меѓу другото, беше евоцирана и историската посета на Свети Иван Павле II во Република Куба во 1998 година.

Потоа се осврнаа на состојбата во земјата и придонесите што Црквата ги дава, посебно на каритативно поле.

Во заклучокот од соопштението се посочува дека за време на разговорот се допрени некои меѓународни прашања од заеднички интерес, а е истакната и важноста неуморно да се продолжи со промовирање на општото добро.

Европска турнеја

Претседателот Дијаз-Канел Бермудез се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела во вторник попладне како дел од неговата турнеја во Европа од 20 до 24 јуни.

Во среда ќе учествува на самитот за новиот Светски финансиски пакт.во Париз како претседател на Групата 77 + Кина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот