Папата се сретна со претставници од образованието во Еквадор

Никој не се вознемирува ако сиромашен умре од глад и студ, меѓутоа е голема соблаза ако берзата изгуби еден или два поена

Повикани сме итно да размислуваме и да дискутираме за создаденото, за злото кое сме го предизвикале со злоупотреба на добрата кои Бог ни ги дарувал; да ветиме дека нема да свртиме грб на својата стварност и своите браќа – истакна Светиот Отец на средбата со претставници од образованието и универзитетите во Кито.

Од Бог сме ја примиле оваа земја, како наследство, како поклон, како дар, кој треба да се чува и со другите да се дели: овој повик денес силно ни се наметнува. На папскиот универзитет во Еквадор, кој го посетуваат триесет илјади студенти, а го водат оците Исусовци, папата Фрањо говореше за темите од енцикликата ‘Laudato sì’, и за улогата на воспитната заедница за младите, кои се семе за преобразба на општеството.

Пред глобализацијата на технократската парадигма која тежнее кон верувањето „дека поголемата моќ е вистински напредок; зголемување на сигурноста, користа, благосостојбата, животната сила и полнотата на вредностите; како стварноста, доброто и вистината спонтано да произлегуваат од самата технолошка моќ и економијата, од нас се бара итно да размислиме, да истражиме и дискутираме за својата сегашна состојба, за тоа каква култура сакаме и посакуваме за себе, своите деца и внуци – заклучи Светиот Отец.

Во модерна зграда оддалечена околу два километри од Кито, монс. Алфредо Хосе Еспиноса Матеус, претседател на бискупскиот совет за воспитување, и ректор на универзитетот и сведоштвото на една студентка го дочекаа Папата кој потсети на Исусовиот начин на поучување како би можеле сите да го разберат. Тој не поучуваше како некој научник, туку сакаше да допре до човечкото срце – истакна Папата.

Пред злото кое го нанесуваме на ’мајката земја’, поради неодговорна употреба и злоупотреба на добрата кои Бог во неа ги ставил, Папата се запраша, а на тоа ги поттикна и сите слушатели, какво создадено – дар, поклон кој Бог ни го дал – сакаме да оставиме на идните поколенија, бидејќи тоа не е стекнато, купено; тоа е пред нас и ќе остане после нас – истакна Светиот Отец.

Папата ги поттикна присутните да не свртуваат грб на нашата стварност и нашите браќа. Никој не се вознемирува ако сиромашен умре од глад и студ, меѓутоа е голема соблазан ако берзата изгуби еден или два поена. Се прашувам: каде е братот? А ве поттикнувам и вас да си го поставите тоа прашање, да се запрашаат сите на универзитетот. Католички универзитету, каде е твојот брат?

Папата го охрабри светот на образованието пред оваа земја која „повикува во небото“ да размислат за нашето воспитување. Нашите училишта се расадник, можност, плодна почва која треба да се обработува, поттикнува и штити; плодна почва жедна за живот – заклучи Папата.

Папата посака воспитувачите да бдеат над студентите, помагајќи им да развијат критички дух, дух на слобода, како би можеле да се грижат за денешниот свет, промовирајќи и поддржувајќи поттикнувачка дискусија за создавање на похуман свет. Ги повика семејствата, училиштата и професорите дипломите да не ги поистоветуваат „со повисок статус, пари и општествен престиж“, туку со поголема одговорност за денешните проблеми, за грижа за сиромашните и за зачувување на околината.

Не е доста да се анализира, да се опишува стварноста, туку треба да се промовира научно истражување и дискусија кои ќе доловат решенија за денешните проблеми. Победоносната карта е во младите, бидејќи тие се сегашност и иднина на Еквадор – заклучи Папата, повикувајќи ги младите да го дадат „најдоброто од себе“.

РВ/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот