Папата се моли за жртвите од нападот во Египет

Папата се моли за жртвите од нападот во Египет

Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов на 9 април 2017 година изрази сочувство до коптскиот патријарх Тавадрос II, заради бомбашкиот напад на коптската заедница во Египет.

Во нападот на црквата Свети Георги во градот Танта северно од Каиро, загинаа најмалку 25 лица, а повеќе од 70 се ранети. Светиот Отец на Блажена Дева Марија ги довери и жртвите на терористичкиот напад во Стокхолм, кој се случи минатиот петок, како и сите оние кои во целиот свет се погодени од војната. Освен тоа, Папата повторно ја осуди меѓународната трговија со оружје.

Светиот Отец ги поздрави многубројните млади верници кои се собраа на плоштадот Свети Петар и оние кои во своите бискупии го слават Светскиот ден на млади. Додаваме дека по светата Литургија младите од Полска го предадоа крстот на Светскиот ден на млади на поклониците од Панама каде во 2019 година ќе се одржи Светскиот ден на млади.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот