Божјото милосрдие ослободува од страв

Папата Фрањо заедно со членовите на Римската Курија во недела 9 март замина во местото Арица, недалеку од Рим, во куќата Божанско Милосрдие, која припаѓа на монашката заедница Павлинци, за да учестува на Духовни вежби во Великиот Пост. Проповедник на духовните вежби e монсињор Анџело де Донатис, парох во црквата Свети Марко Евангелист на римскиот Капитол, а ќе говори за „Прочистување на срцето“.

Во воведното размислување Де Донатис се осврна за тоа какво треба да биде расположението на почетокот од духовните вежби, и потсети на отвореност за слушање на Светиот Дух, за да се подготвиме да живееме подлабок и личен однос со Бог, а со цел вистинско сфаќање на реалноста и сопственото место во поглед на вистинската светлина која доаѓа од Бог.

На вториот ден, во понеделник 10 март претпладне на второто размислување Де Донатис говорејќи за дело од Евангелието кое говори за бурата која Исус ја смирува, напомена дека светот наместо да ја признае Божјата присутност и неговото делување, тој се преплашува: а тоа се случува кога во срцето повеќе не престојува Христос, туку стерилна вера во ужасен, страшен Бог, кој не познава милосрдие.

Поради тоа монсињор Де Донатис предупреди дека треба да се отргнеме од фарисејството, преку кое ние сами ќе се подигнеме од гревот, како и од аскетскта пракса која доаѓа од стоицизмот, во кое владее правилото: „ако треба да се направи тоа, јас ќе го направам“. Напротив, Господ доаѓа по други патишта и на тој начин ни дава да сфатиме дека и двете вакви однесувања не се вистинскиот пат – истакна монсињор Де Донатис. Значи својата душа треба да ја прочистиме од лажните слики за Бог, за да можеме да се упатиме кон правииот пат на вистински живот, рече монс. Де Донатис.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот