Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI во ватиканскиот манастир Mater Ecclesiae пред Велигден и пред неговиот 95. роденден, кој оваа година се паѓа на Велика сабота.

Папата Фрањо во среда, 13 април 2022 година попладне се упати во посета на почесниот папа Бенедикт XVI за да му ги пренесе лично своите честитки и желби за Велигден и за неговиот 95. роденден.

Според кратката изјава објавена од директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, Светиот Отец го посетил манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан каде што живее почесниот папа Бенедикт XVI.

Во текот на целиот свој понтификат, папата Фрањо го посетува Бенедикт за Велигден, освен во периодот на пандемијата Ковид-19.

„По краткиот и срдечен разговор и по заедничката молитва, папата Фрањо се врати во домот Света Марта“, изјави Бруни.

Бенедикт XVI ќе го прослави својот 95. роденден на Велика Сабота, 16 април. Јозеф Рацингер е роден и крстен во родната Баварија на Велика Сабота во 1927 година, пред 95 години.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот