Духовна обнова во Сарај за свештениците од Струмичко – скопската епархија

Духовна обнова во Сарај за свештениците од Струмичко – скопската епархија

Во вторник 2 април 2024 година во просториите на парохијата Свети Димитриј во Сарај се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која присуствува и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

Свештениците заедно со својот епископ најпрво во црквата измолија Шести час, а потоа следуваше духовно размислување од отец Тони Ангелов – парох во Штип, на тема: Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас, според Посланието на свети апостол Павле до Римјаните 8,31-34. По размислувањето епископот Стојанов ги поттикна присутните свештеници да ги споделат своте размислувања поврзани со темата, по што следуваше и разговор. За време на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница и имаа можност за света Исповед.

Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, а проповедаше протојереј отец Гоце Костов, кој се осврна на три лика од Евангелието од денот: Симон Лепрозниот, жената со алабастрениот сад и Јуда и рече: Свештеничкиот повик е заедништво, со Бог и ближните, за какво што копнеал и го добил Симон Лепрозниот, целосно предавање како што направи жената со алабастрениот сад и примерот на Петар, не на Јуда, дека секогаш можеме да се вратиме кај Исус.

Духовна обнова заврши со агапе и заедништво во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот