Папата до свештениците: Бидете пастири, а не државни службеници

И во Јужна Кореја папата Фрањо продолжува да изненадува. Во петок, 15 август, тој изненадувачки го посети Универзитетот „Сонганг” во Сеул, еден од најпрестижните универзитети во Јужна Кореја, раководено од оците Исусовци и покрај тоа што оваа посета не беше предвидена. Средбата помина во срдечна и семејна атмосфера. Кон присутните свештеници и семинаристите Исусовци, Папата упати кратко, но содржајно богато, спонтано слово.

„Не го казнувајте Божјиот народ, туку го охрабрувајте!” ги повика Папата свештениците, нагласувајќи го своето лично убедување дека во овој момент Црквата е како „полска болница”, бидејќи „Божјиот народ има потреба од утеха за многубројните рани”. „Постојат многу рани во Црквата, кои многу пати ги предизвикуваме ние самите, католиците кои одат на Црква и служителите во Црквата. Многу пати нашето клерикално однесување, клерикализмот инаштетува на Црквата”.

„Утеха е убав збор, за оној кој ја прима, но е тешко да се даде утеха”. Сепак, „не постојат рани кои Бог со својата љубов не може да ги утеши”. Затоа, „свештениците се повикани” да лекуваат рани, убедени дека „Бог нѐ утешува секогаш, секогаш се надева заборава и простува секогаш”.

„Да си свештеник – посочи Папата Фрањо – не ти дава статус на државен службеник, туку на пастир. Бидете пастири, а не државни службеници. А кога исповедате не заборавајте дека Бог никогаш не се уморува да простува. Бидете милостиви!”.

РВ/го*ко

2084

Категорија: Ватикан

За авторот