Папата: Светиот Дух нè води и поучува

И денес во Божјо име убиваат христијани, а Светиот Дух дава сила за сведочење со мачеништво – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 11 мај во капелата на домот Света Марта.

Исус во Евангелието на учениците им го најавува Светиот Дух: Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Утешителот, Духот на вистината, Он ќе сведочи за Мене. Христос говори за иднината, за крстот кој нè чека и за Духот Кој нè оспособува за христијанско сведочење. Па, зборува за прогонствата и за соблазноста на крстот – објасни Папата, додавајќи:

Светиот Дух ја води Црквата, нè потсетува на Исусовите зборови и го поучува она што Исус не можел да го каже; Тој е наш сопатник, а нè брани и од соблазната на крстот. Навистина крстот е соблазна за Евреите кои бараат знаци, а лудост за Грците односно паганите кои „се жедни за наука, за нови идеали.“ Напротив, христијаните го проповедат Христос Распнатиот. Исус ги подготвува учениците за да не ги соблазни неговиот крст: Ќе ве истеруваат од синаногите. Дури и повеќе! Ќе дојде време кога секој кој ќе ве убие ќе мисли дека му служи на Бог – потсети папата Фрањо.

Денес сме сведоци дека во Божјо име убиваат христијани, бидејќи ги сметаат за неверници. Тоа е Христовиот крст: А тоа ќе го прават, бидејќи не се го запознале ниту Отецот, ниту Мене.“ Тоа што ми се случи мене ќе ви се случи и вам: ќе ве прогонуваат, ќе трпите, но ве молам да не се соблазните. Духот ќе нè води и поучува – рече Светиот Отец.

Папата потсети на вчерашниот телефонски разговор со коптскиот патријарх Тавадрос по повод одбележувањето на Денот на копстко-католичкото пријателство. Зборував за неговите верници на плажата во Либија убиени само затоа што биле христијани. Тие не се соблазниле, бидејќи Духот Свети им дал сила. Умирале со Исусовото име на устата. Тоа е силата на Светиот Дух, тоа е христијанското сведочење. Тоа било вистинско мачеништво, највозвишено сведоштво – истакна Папата.

Зборувајќи пак за секојдневното христијанско сведочење за да се направи присутна плодноста на Пасхата која ни ја дава Светиот Дух, водејќи нè кон потполната вистина и потсетувајќи како Исус вели: ако некој христијанин не ја сфаќа сериозно „маченичката димензија на животот“, тогаш не го сфаќа патот на кој Исус нè учеше: секојдневно мачење во одбрана на човечките права, во заштитата на децата; кога татковците и мајките ги бранат своите семејства, кога многу стрдаат од љубовта кон Исус. Не соблазнувајќи се, сите можеме да ја сведочиме таа пасхална плодност – рече Светиот Отец.

Утринската проповед Папата ја заврши поттикнувајќи на молитва: Да молиме Бог да Го прифатиме Светиот Дух кој ќе нè потсетува на Исусовите зборови, ќе нè воведе во потполната вистина и ќе нè подготви секој ден да сведочиме дека „даваме мало или големо мачеништво“  според волјата Божја – заврши Папата.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот