Дипломатската активност на Светиот Престол во центарот на состанокот на Кардиналскиот совет

Дипломатската активност на Светиот Престол во центарот на состанокот на Кардиналскиот совет

Кардиналскиот совет повторно се сретна, во присуство на папата Фрањо, во Домот Света Марта. Група од седум кардинали разговараа за политичката ситуација и состојбата на Црквата во регионите од кои доаѓаат, како и за улогата на жената во Црквата.

Синодалноста, дипломатската служба на Светиот Престол и улогата на жената во Црквата се теми за кои Кардиналскиот совет разговараше со папата Фрањо на последната средба одржана во Домот Света Марта на 21, 22 и 23 февруари 2022 година. Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести дека на состаноците биле присутни кардиналите Пиетро Паролин, Џузепе Бертело, Оскар А. Родригез Марадијага СДБ, Рајнхард Маркс, Шон Патрик О’Мали ОФМ Кап., Освалд Грацијас, Фридолин Амбонго Бесунгу ОФМ, и секретарот на советот монс. Марко Мелино.

Синодалноста како процес на слушање и расудување

Во соопштението се напоменува дека средбата започнала со разговор во кој кардиналите ја опишале општествено-политичката и црковната ситуација во регионите од каде доаѓаат, а потоа се разговарало за темата синодалност како процес на слушање и расудување во срцето на идентитетот на Црквата и потребното преобраќање која тоа го бара од клериците и лаиците.

Активностите на нунцијот во сегашните околности

Меѓу многуте теми на кои се разговарало, станало збор и за некои аспекти поврзани со дипломатската служба на Светиот Престол, улогата и активностите на нунциите во актуелната политичка и црковна рамка. Освен тоа, за време на состанокот, членовите на советот го слушнале и разговарале за презентацијата на сестра Линда Похер за улогата на жената и „Маријанскиот принцип“ во Црквата.

Следниот состанок ќе се одржи во април годинава. Претходно, Кардиналскиот совет заседаваше меѓу 13 и 15 декември, а во фокусот на разговорите беа пандемијата и текот на Синодата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот