Папата планира формирање на Конгрегација за лаици?

Датумот за формирање на Конгрегацијата за лаици не е утврден. Ова го изјави секретарот на Папскиот совет за лаици, епископот Јозеф Клеменс, во вторник 29 октомври на прашање од Радио Ватикан.

Кардиналот од Хондурас, Оскар Андрес Марадијага за време на неговиот престој во Шпанија, според интернет порталот Ватикан инсајдер, изјави дека во план е формирање на Конгрегација за лаици. Во Ватиканската Курија во овој момент има Конгрегација за клерици, Конгрегација за епископи, Конгрегација за посветен живот, но само Папски совет за лаици. Кардинал Марадијага е координатор на групата од осум кардинали, со кој папата Фрањо се советува за реформите во Куријата.

Како причина за можноста од формирање на Конгрегација за лаици, според епископот Клеменс се веќе постоечките компентенции на Папскиот совет за лаици – кој функционира поинаку од другите Папски совети.

Папските совети можат да даваат само совети, додека Конгрегациите можат да донесуваат и одредени одлуки. Папскиот совет за лаици е формиран во 1968 година и се грижи за прашања поврзани со католичките лаички движења и организации, како и за младите.

Извор: РВ/Превод: го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот