Папата: Потребни се одлуки со кои оружјето ќе се претвори во храна

Папата: Потребни се одлуки со кои оружјето ќе се претвори во храна

Во видео пораката до учесниците на GLOBSEC Братислава Форум Папата зборуваше за светот кој треба да се изгради после пандемијата и поттикна да се спроведе јасна анализа на минатото за да се утврдат одговорностите кои довеле до здравствената криза.

Види, расуди и дејствувај – се трите патишта кои папата Фрањо ги истакна за светот да излезе на подобро од кризата предизвикана од пандемијата. Тоа го направи во видео пораката до учесниците на тридневното 16 издание на GLOBSEC Братислава Форум кој заврши на 17 јуни, а на кој се сообраа голем број политичари, како францускиот претседател Еманиел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајн, потоа менаџери, водачи на мислењето и меѓународни организации.

Првиот чекор кој треба да се направи – рече Папата во видео пораката на италијански јазик – е да се види светот кој западна во криза, да се анализира минатото, да се препознаат систематските недостатоци и грешки направени исто така во однос на целото создание. Затоа е потребно да се развие идејата за закрепнување која обновува, го поправа она што не функционирало уште пред појавата на коронавирусот и што придонесе за влошување на кризата.

Гледам свет кој го измами привидното чувство на сигурност засновано на гладот за заработка – рече Папата. Гледам модел на економски и социјален живот обележан со бројни нееднаквости и себичност во кој мало малцинство од светското население го поседува поголемиот дел од добрата, често не двоумејќи се да ги искористи луѓето и ресурсите. Гледам стил на живот кој не се грижи доволно за животната средина – рече Папата и предупредува на навиката на несовесна потрошувачка и уништување на она што на сите припаѓа, еколошки долг кој останува – како што рече, најмногу на товарот на сиромашните и идните генерации.

Добро и зло. Во кризата нема друг излез затоа што нѐ принудува да избереме на која страна ќе застанеме затоа што или се станува подобар или полош. Но никогаш ист – истакна и додава, расудувајќи за она што сме го виделе и проживеале нѐ поттикнува на подобрување, на преземање на чекор напред. Кризата која погоди сѐ, нѐ потсетува дека никој не може да се спаси сам. Кризата ни го отвора патот кон иднината која ја признава вистинската еднаквост на секое човечко битие; не некоја апстракна еднаквост, туку конкретна која на поединците и на цели народи им нуди праведни и реални можности за развој.

Во тој процес последниот чекор е делувањето за да не ја потрошиме приликата на кризата пред општествените неправди и маргинализацијата, со моделот кој во центарот го става почитувањето кон секој човек. На секое делување потребна е визија, визијата на заедништвото и надежта; визија како она на бибилискиот пророк Исаија кој ги видел мечевите кои се претворале во плугови, а копјата во српови. Да се делува со цел развој на сите луѓе значи да се оствари делото на преобраќање. И пред сѐ одлуките кои смртта ја претвораат во живот, а оружјето во храна.

Но, на сите нас исто така ни е потребно да преземаме еколошко преобраќање. Визијата на заедништвото ја опфаќа перспективата на создаденото сфатено како „заеднички дом“ и итно бара делување за да се заштити – истакна папата Фрањо и изрази надеж дека расправата од тој собир ќе придонесе за создавање на модел за закрепнување на способниот за создавање на инклузивни и одржливи решенија; развоен модел кој се заснова на мирен соживот меѓу народите и на хармонија со создаденото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот