Ангел Господов: Негувајте отворени погледи и бидете „баратели на светлото“ Христово

Ангел Господов: Негувајте отворени погледи и бидете „баратели на светлото“ Христово

За време на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо поттикна на животниот пат секогаш да се држи погледот вперен во светлиот лик Христов и да ја бараме неговата светлина во молитвата и во луѓето: „Еве добра одлука за Великиот пост“.

Исусовото преображени на гората, кое го опишува Евангелието за Втората недела од Великиот пост, каде Исус се објавува пред Петар, Јаков и Иван во сета своја слава – беше централна тема во обраќањето на папата Фрањо пред пладневната молитва Ангел Господов во недела 25 февруари 2024 година пред мноштвото верници собрани на централниот ватикански плоштад.

Со неговото преображение Исус на своите ученици им ја открива смислата за сѐ она што до тој момент заедно го поминале, рече Светиот Отец. Проповедањето на Царството Божјо, простувањето на гревовите, лекувањата и знаците што ги правеше беа искри на едно поголемо светло: Исусовото светло.

Од тоа светло, учениците никогаш повеќе не треба да го свртат погледот, особено во моментите на искушенија, како оние што се ближат, како што се приближува маката. Тоа е пораката: никогаш не тргајте го погледоте од Исусосвото светло. Скоро како што правеа орачите, додека ги ораа полињата, го насочуваа погледот на точна одредена точка пред нив и, држејќи ги погледите вперени во целта, оставаа прави бразди зад себе. Тоа е она на што ние христијаните сме повикани да го правиме на патот на животот: секогаш да го имаме пред очи лицето осветлено од Христовата светлина.

Папата повика да се отвориме за Исусовото светло и да го бараме неговото лице на макотрпните патишта во животот. Во тоа помага и молитвата, слушањето на Божјото Слово и Светите Тајни, рече Папата и на крајот ја препорача следнава добра одлука за Великиот пост: со отоврен поглед станете „баратели на светлото“ – Исусовото светло во молитвата и на луѓето.

Дали давам доволно простор на тишината, молитвата, обожавањето – праша Светиот Отец– и дали барам ронка од Исусовото светло во мене и во братот и сестрата што ги среќавам. И дали се заблагодувам за тоа и на крајот ја повика Марија, осветлена од Божјото светло, да ни помогне да го задржиме погледот цврсто вперен во Исус и да се гледаме еден со друг со доверба и љубов.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот