Како ќе изгледа нашиот крај? Какви би сакале да не најде Господ кога ќе нѐ повика. Мудро е да се размислува за крајот и тоа ќе ни помогне да продолжиме понатаму, да направиме испит на совеста и за тоа кои работи треба да ги поправиме и со кои би требало да продолжиме да одиме понатаму, затоа што се добри – рече папата Фрањо на 27 ноември 2018 година на светата Литургија во домот Света Марта, осврнувајќи се на размислувањето за крајот на светот и за крајот на сопствениот живот. Во оваа последна седмица од литургиската година Црквата нѐ поттикнува да размислуваме за ова и тоа е милост, иако нам не ни се допаѓа да размислуваме за крајот, таквите мисли секогаш ги одложуваме за утре.
Во првото читање од денешната литургија од книгата Откровение свети Иван зборува за крајот на светот, користејќи слика за жетва со Христос и ангел кој е наоружан со срп – рече Папата и напомена: Кога ќе дојде нашиот час, ќе мора да го покажеме квалитетот на својата пченица, квалитетот на својот живот. Можеби некој ќе рече: Оче, не биди така депресивен, затоа што тие работи не ни се допаѓаат…, но тоа е вистина.
Се работи за жетва каде секој од нас ќе се сретне со Господ – рече Светиот Отец и нагласи: Тоа ќе биде средба и секој од нас ќе му каже на Господ: Тоа е мојот живот, мојата пченица, квалитетот на мојот живот. Некој ќе се праша: Дали грешев: Сите ќе мора тоа да го кажеме, затоа што сите грешиме. Некој ќе каже: Правев добри работи. Сите правиме добри работи, ќе мора да ја покажеме на Господ пченицата.
Што би му кажеле на Господ ако нѐ повика денес – рече Папата и продолжи: Можеби би му кажале: Не забележавме, бевме растресени… Не го знаеме ниту денот, ниту часот. Некој ќе каже: Оче, не зборувајте за тоа, затоа што ние сме многу млади. Но погледнете колку млади заминуваат, колку млади се повикани… На никој не му е загарантиран животот. Меѓутоа, сигурно е дека сите ќе го доживееме крајот. Кога? Само Бог знае.
Ќе ни помогне размислувањето за крајот преку оваа седмица – рече Папата и додаде: Кога Господ денес би ме повикал, што би направил? Што би кажал? Каква пченица би му покажал? Мислата за крајот ни помага да одиме понатаму, тоа не е статична мисла, туку мисла која оди понатаму, затоа што напред ја носат крепоста и надежта. Да, ќе дојде крајот, но тој крај ќе биде средба со Господ. Навистина, тоа ќе биде положување сметка за тоа што сме направиле, но исто така тоа ќе биде средба на милосрдието, радоста и среќата. Да се размислува за крајот на сопствениот живот е мудрост, тоа го прават мудрите.
Црквата оваа седмица нѐ повикува да се прашаме како ќе изгледа нашиот крај? Какви би сакале Господ да нѐ најде, кога ќе нѐ повика? – рече Светиот Отец и поттикна: Мораме да ја испитаме совеста и да провериме кои работи мораме да ги поправиме, а со кои можеме да , затоа што се добри? Секој од нас има многу добри работи. Во тие мисли сме сами, но Светиот Дух е тој кој ни помага.
Оваа седмица го молиме Светиот Дух за мудрост за времето, мудрост за крајот, мудрост за воскресението и мудрост за вечната средба со Исус, да ни помогне да ја сфатиме таа мудрост, која се наоѓа во нашата вера. Средбата со Исус ќе биде ден на радост. Да молиме Господ да нѐ подготви! Да молиме секој од нас оваа седмица ја заврши мислејќи на крајот: Мојот крај доаѓа, тука нема да останам вечно. Како би сакал да завршам? – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк