Папата: Синодалноста мора да нѐ води кон поинтензивно живеење на црковното заедништво

Папата: Синодалноста мора да нѐ води кон поинтензивно живеење на црковното заедништво

Во видео-пораката до Папската комисија за Латинска Америка, собрана на пленарно заседание, папата Фрањо зборуваше за синодалноста во Црквата. Синодалноста без заедништво може да стане црковен популизам, предупредува тој и поттикнува за надминување на клерикализмот.

Синодалноста веќе некое време е во коренот на Црквата во Латинска Америка, прифаќајќи го „правилното толкување“ на учењата на Вториот ватикански собор, што значи повторно учење како да се оди заедно пред епохалните промени во општеството. Истовремено, папата Фрањо во видео порака до Папската комисија за Латинска Америка ја нагласува важноста од свесноста за нашите ограничувања, за да можеме да созрееме и да ги носиме евангелските плодовите на синодалниот пат. Во сржта на пораката на Папата се синодалноста и заедништвото.

Светиот Дух, протогонист на синодалноста

Светиот Отец ја истакна и важноста на отвореноста во размислувањето, за да не се лажеме дека знаеме сè, или дека ги имаме сите одговори. Да мислиме дека знаеме сè е многу опасно за синодалноста, бидејќи не остава простор за Светиот Дух, вистинскиот протагонист на синодалниот пат, рече Папата.

Дар е Светиот Дух, додаде тој, кој не се наметнува со сила, туку нежно ја повикува нашата наклонетост и слобода за да нè направи способни да го стекнеме обликот на единство и заедништво што Тој го посакува во нашите односи.

Ако можеме да го примиме тој дар на Духот, рече Папата, нашите животи ќе станат непрекинато служење за другите. Светиот Дух, напомена Светиот Отец, никогаш не се одзема од нас, туку се движи во нас и нè обновува.

Ако можеме да го добиеме овој дар на Духот, рече Папата, нашите животи ќе станат постојана служба за другите. Светиот Дух, напомена, никогаш не одзема од нас, туку се движи во нас и нè обновува.

Светиот Дух не е сила во минатото, напротив, Педесетница се случува во наше време: „Големата непознаница“ која нема лик, но е секогаш модерна и не престанува да нѐ следи и да утешува.

Заедништвото мора да го анимира синодалниот пат

Папата истакна и дека синодалноста не е само пневматолошка, заснована на Духот, туку и евхаристиска, бидејќи го вклучува заедништвотот со Телото Христово – знак и инструментална причина за релациски динамизам, кој ја обликува Црквата. Тоа црковно заедништво, рече тој, спречува синодалноста да стане обичен парламентаризам или популизам.

Синодалноста, рече папата Фрањо, е динамична димензија, историска димензија на црковното заедништво основано во троиственото заедништво, кое истовремено негувајќи га sensus fidei на целиот свет Божји народ, апостолската колегијалност и единството со Петаровиот наследник – мора да го анимира преобраќањето и реформите на Црквата на сите нивоа.

Одговорност за промовирање на синодалноста

Потоа, Светиот Отец размислуваше за улогата на Папската комисија, која ја опиша како ѓаконија, служба која има за цел да ја покаже наклонетоста и вниманието на Папата кон Латинска Америка. Во својата сегашна форма, според сегашната куријална реформа, таа има за цел да генерира нова динамика и да ја одвои од клерикалистичките обичаи кои сè уште постојат – како во куријата, така и во некои латиноамерикански заедници.

Светиот Отец, исто така, ја истакна должноста на комисијата за што е можно поголемо промовирање на синодалноста. Тој истакна дека синодалноста и заедништвото мора да бидат присутни во процесот. Заедништвото без синодалност може да влијае на одреден непожелен фиксизам и централизам. Синодалноста без заедништво може да стане еклеизијален популизам, рече Папата.

Интензивно живеење на црковното заедништво

Како заклучок, потребни се и едното и другото, заедно. Синодалноста мора да нè води кон поинтензивно живеење на црковното заедништво, во кое различноста на харизмите, звањата и службите се хармонично интегрирани, вдахновени од истото крштевање, кое сите нè прави синови и ќерки во Синот.

Своето обраќање Светиот Отец го заврши порачувајќи им на членовите на Папската комисија за Латинска Америка да се чуваат од едностран протагонизам. Наместо тоа, тој ги повика да ги охрабрат процесите кои му дозволуваат на Божјиот народ да учествува повеќе и подобро во заедничката одговорност сите „да бидеме Црква“.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот