Да спроведуваш правда значи да се даде услуга во корист на достоинството на човечката личност и општото добро, им рече Папата на членовите на италијанскиот Висок судски совет.
Правдата треба секогаш треба да биде придружувана од барањето за мир, кој пак претпоставува вистина и слобода – истакна папата Фрањо обраќајќи им се на членовите на италијанскиот Висок судски совет со кои се сретна заедно со италјанскиот претседател Серџо Матарела. Благородно и деликатно е посланието на кое сте повикани. Ваша задача е да дадете одговори на луѓето кои бараат правда на кои пак им треба вистината, доверба, доследност и јасни намери.
Слушајте го крикот на оние кои немаат глас и кои трпат неправда, ви помагаат да ја претворите власта во служење во корист на достоинството на човечката личност и општото добро – рече Папата и предупреди: Кога големите сили ќе се здружат со цел самоодржување, праведникот плаќа за сѐ. Значаен е случајот на судењето на Исус. Народот бара осуда на праведник и ослободување на злосторник. Пилат се прашува што згрешил Назареецот, но потоа си ги мие рацете. Веродостојност на сведочењата, љубов кон праведноста, авторитет, независност од други воспоставени сили и доследен плурализам на ставовите се средства со кои се спречува да надвладеат политичките влијанија, неефикасноста и различните видови непочитување. (…)
Потсетувајќи на науката на света Катарина Сиенска, односно дека за да се реформира најпрво е потребно да се реформираш себе, Папата истакна дека ниту една политичка реформа на правосудството не може да го промени животот на оние кои со тоа управуваат, ако пред сопствената совест не се избере „за кого“, „како“ и „зошто“ да се спроведува правда. (…)
Осврнувајќи се на актуелното историско време на раширена глобализација во кое човештвото сѐ повеќе меѓусебно е поврзано, но и сѐ повеќе раздвоено во безброј егзистенцијални осамености, Папата поттикна, како што учи Библијата да се гледаме како човечко семејство, семејство кое треба да се препознаеме како браќа. Меѓутоа за тоа е потребно постојано заедно да работиме, знаејќи дека мирот се темели на праведноста. Кога растат тензиите и разликите да се храниме со духовните и антрополошките корени на праведноста, потребно е да направиме чекор назад, а потоа заедно со другите да направиме два чекора напред.
Говорејќи за тоа „како“ да се спроведува правда, Папата истакна дека се потребни реформи, и потсети на дел од Евангелието според Иван кое поучува дека треба да се отсечат сувите гранки, не отсекувајќи го стеблото на праведноста за да се спротивставиме на борбите за власт, клиентализам, различни облици корупција, негрижа и неправедно стекнување приход. Лоши се тие ситуации со кои – според зборовите на Папата, треба да се бориме за да не се развиваат. (…)
Ватикан њуз/к.мк