Потпишана конвенција помеѓу Секретаријатот за комуникација и Салезијанците

Потпишана конвенција помеѓу Секретаријатот за комуникација и Салезијанците

Потпишана е конвенција помеѓу Салезијанската дружба на свети Иван Боско и Секретаријатот за комуникација. Централна точка на договорот е соработката во рамките на ватиканскиот информативен систем во светлината на реформата која ја сака папата Фрањо.

Откако во септември ова година беше потпишана конвенција со Дружбата на Исусовците, која сега е присутна како мисионерска заедница внатре во комуникацискиот систем на Светиот Престол, следејќи ги упатствата на Државниот секретаријат на Светиот Престол, овие денови Секретаријатот за комуникација потпиша конвенција со Салезијанската дружба на свети Иван Боско. Салезијанската заедница така ќе може да ја стави на располагање харизмата на дон Боско внатре во рамките на различните услуги кои ги нуди секретаријатот за комуникација.

Конвенцијата е потпишана за три години, со можност за продолжување. На потпишувањето учествуваа о. Ангел Фернандез Артиме, големиот ректор на Салезијанската дружба на свети Иван Боско, и монс. Дарио Едоардо Вигано префект на Секретаријатот за комуникација.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот