Папата повторно повика на секојдевна молитва на Бројаницата во октомври

Папата повторно повика на секојдевна молитва на Бројаницата во октомври

На денешен ден на празникот Блажена Дева Марија од Бројаницата, папата Фрањо ги поздрави верниците собрани во светилиштето во Помпеја, каде кардинал Марио Зенари, Апостолски нунциј во Сирија ја предводеше традиционалната Литургија за патрониот празник.

Повторно повикувам на секојдневна молитва на Светата Бројаница во месец октомври завршувајќи ја со антифонот „Под твојата заштита прибегнуваме“ и молитвата до свети арахангел Михаил за да се одбијат нападите на ѓаволот кој сака да ја подели Црквата – рече папата Фрањо во пладневниот наговор пред молитвата Ангел Господов, осврнувајќи се на денешниот празник Блажена Дева Марија од Бројаницата и традиционалната Литургија за патрониот празни“ во светилиштето во Помпеја која ја предводеше кардиналот Марио Зенари, АСапостолски нунциј во Сирија.

Освен тоа Папата најави дека во сабота во Рим ќе се одржи Прв ден на катакомбите. Во таа прилика многу од нив ќе бидат отворени за посетителите кои исто така ќе можат да учествуваат на дидактички работилници и разни културни настани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот