Молитвена накана на папата Фрањо за август 2021

Молитвена накана на папата Фрањо за август 2021

Во вторник 3 август 2021 година, Канцеларијата на Светиот Престол објави видео од молитвената накана на Папата за август 2021, која гласи: „Црквата на пат. Се молиме Црквата да добие благодат и сила од Светиот Дух за да се обнови во светлина на Евангелието“.

Специфичниот повик на Црквата е евангелизација, кoja не е прозелитизам, не. Нејзиниот повик е евангелизација; и многу повеќе од тоа, идентитетот на Црквата е евангелизација.

Црквата можеме да ја обновиме само со препознавање на Божјата волја во нашиот секојдневен живот и со препуштање на преобразба, која ја води Светиот Дух

нашата сопствена обнова како личност е таа преобразба. Дозволувајќи му на Светиот Дух, кој е Божји дар во нашите срца, да нѐ потсети на она што Исус научуваше и да ни помогне тоа да го направиме во пракса.

Да ја започнеме обновата на Црквата со обнова на самите нас, без монтажни идеи, без идеолошки предрасуди, без вкачанетост, туку да појдеме напред врз основа на духовното искуство – искуството на молитва, искуство на милосрдие, искуство на служење.

Сонувам за уште поголема мисионерска можност; таква која излегува во пресрет на другите без прозелитизам и која ги менува своите структури за евангелизација на денешниот свет.

Да се потсетиме дека Црквата секогаш има потешкотии, секогаш е во криза, затоа што е жива.

Живите битија поминуваат низ кризи. Само мртвите немаат кризи.

Да молиме за Црквата да прими од Светиот Дух милост и сила за да се обнови во светло на Евангелието.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот