Папата: Евреите и христијаните можат да работат заедно за мирот

Папата: Евреите и христијаните можат да работат заедно за мирот

Папата Фрањо во Ватикан ја прими делегацијата на Светскиот еврејски конгрес (WJC) и истакна дека заедничкото верско наследство на Евреите и христијаните треба да биде поттик во заедничката желба за братство и мир во овој разделен свет.

Поздравувајќи ги во вторник, 22 ноември 2022 година, околу 200 членови на Извршниот комитет на Светскиот еврејски конгрес (WJC) предводен од претседателот Роналд С. Лаудер, папата Фрањо рече дека заедничкото верско наследство на Евреите и христијаните треба да се гледа како поттик во заедничката желба за братство и мир во светот.

Дијалогот е во тек

Во своето обраќање Светиот Отец потсети дека организацијата уште од Вториот ватикански собор е во дијалог со Комисијата за верски односи со Евреите, посочувајќи дека оваа посета сведочи и ги зајакнува врските на пријателството меѓу Светиот Престол и Евреите.

Заедничко верско наследство

Папата истакна дека Евреите и христијаните исповедаат вера во еден Создател на небото и земјата, кој го создал секое човечко суштество според неговиот образ и подобие, и дека Евреите и христијаните гледаат на крајните нешта на сличен начин. Посочи дека на животниот пат не напредуваме кон безнадежност, туку кон средба со Севишниот кој се грижи за нас. Иако може да има различни сфаќања во јудаизмот и христијанството за тоа како ќе дојде до ова исполнување, останува утешното ветување што го споделуваме, рече Светиот Отец.

Заедничко работење за мир

Верското наследство што го споделуваат христијаните и Евреите треба да се гледа како поттик да работат заедно за да го направат светот поповрзан во братство, борејќи се против сите форми на нееднаквост и промовирајќи поголема правда, така што мирот да не остане само ветување, туку да стане сегашна реалноста во нашиот свет. Заедничките и конкретни иницијативи насочени кон унапредување на правдата нѐ повикуваат на храброст, соработка и креативност, истакна папата Фрањо. Додека светот и понатаму е нарушен од војна, која, како што повтори, е пораз за целото човештво, Папата повика на заеднички напори за да се воспостави патото на мирот.

Војната во Украина е светогрдие

Светиот Отец повторно посебно се осврна на војната што се води во Украина, нарекувајќи ја светогрдие, која, како што истакна Папата, им се заканува и на Евреите и на христијаните, одземајќи им ги најблиските, домовите и имотот. На крајот, папата Фрањо и се заблагодари на делегацијата за посетата, изразувајќи желба Севишниот заедно да ги води Евреите и христијаните на патот на мирот.

Светски еврејски конгрес

Историјата на Светскиот еврејски конгрес е испреплетена со темните страници на историјата на дваесеттиот век. Кога 230 делегати кои ги претставуваат еврејските заедници од 32 земји се собраа во Женева, Швајцарија во август 1936 година за да ја основаат организацијата, опасноста беше јасна – Евреите беа прогонувани и обесправени во нацистичка Германија. Зголемениот бран на антисемитизам ги погоди и еврејските заедници низ Европа. Веднаш по неговото основање, главните цели на тоа тело беа мобилизација на еврејскиот народ и демократските сили против нацистичкиот занес, борбата за еднакви политички и економски права. Денес, мисијата на Светскиот еврејски конгрес е да промовира единство и да ги застапува интересите на еврејскиот народ и да обезбеди континуитет и развој на верското, духовното, културното и општественото наследство. Светскиот еврејски конгрес, како што потсети папата Фрањо, „води дијалог со Комисијата за верски односи со Евреите и веќе со години организира многу важни конференции“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот