„За христијаните, и останатите верски малцинства во азиските земји да бидат во можност својата вера да ја практикуваат во целосна слобода – е молитвената накана на Папата за јануари 2018 година.
Во неа папата Фрањо објаснува дека во разноликиот културен свет на Азија, Црквата се соочува со бројни ризици и нејзината задача го отежнува фактот што е малцинство. Тие ризици, предизвици ги имаат и другите малцински верски традиции, со кои ја делиме желбата за мудрост, вистина и светост – вели Светиот Отец.
Кога размислуваме за оние кои се прогонети заради својата вера – продолжи Папата – ги надминуваме обредните или конфесионалните разлики: се ставаме на страната на мажите и жените кои се борат за да не се откажат од својот верски идентитет. Да се молиме за сите нив, за христијаните и другите верски малцинства во азиските земји да можат да ја практикуваат својата вера во целосна слобода – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк