Надбискупот Галагер ги повика земјите-членки на ОН да се здружат во напорите за мир во Украина

Надбискупот Галагер ги повика земјите-членки на ОН да се здружат во напорите за мир во Украина

Надбискупот Пол Ричард Галагер им се обрати на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН за мирот во Украина и потсети дека војната не е само локално прашање, туку се заканува да се прошири надвор од Европа.

Надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар на Ватикан за односи со државите и меѓународни организации, зборуваше на отворената дебата на Советот за безбедност на Обединетите нации за мирот и безбедноста во Украина, одржана во средата, 20 септември, во Њујорк.

Надбискупот истакна дека Украина го брани својот суверенитет и неповредливоста на меѓународно признатите граници, кои исто така се вредности промовирани од ОН. Но во суровата и бесмислена војна против Украина, сведоци сме на фактот дека цивилите, децата, младите и постарите лица ја плаќаат највисока цена – реле надбискупот Галагер.

Војна што „се вовлекува во човечките срца“

Надбискупот Галагер рече дека големото зло на војната се шири надвор од границите на Украина и на другите континенти.

Тој потсети на зборовите на папата Фрањо дека светот ја доживува Третата светска војна, која се води во делови.

Ако не се прекине оваа војна и не се промовира интензивно мирот на секој чекор, целиот свет ризикува да западне во уште подлабока криза, рече надбискупот Галагер.

Тој тврди дека решението не се однесува само на Украина, туку на целата меѓународна заедница, посочувајќи дека е дојдено време да си поставиме некои од прашањата што често ги нагласува папата Фрањо: „Што правам денес за украинскиот народ? Дали преземам нешто?”.

Тој ги повика сите земји-членки на ОН, а особено земјите-членки на Советот за безбедност, да ги здружат напорите во потрагата по праведен и траен мир во Украина.

Надбискупот Галагер посочи дека Светиот Престол е блиска до Украина и дека целосно го поддржува нејзиниот територијален интегритет и дека продолжува да се ангажира и да дава поддршка во хуманитарните иницијативи, повикувајќи ги сите страни да бидат похрабри застапници на мирот.

Осврнувајќи се на пандемијата Ковид – 19 и идните пандемии Секретарот за односи со државите и меѓународните организации на Ватикан потсети на изјавата на папата Фрањо дека најголемата лекција што можеме да ја научиме од ситуацијата и искуството од глобалната криза и болеста Ковид -19 е сознанието дека сите си требаме еден на друг и дека никој од нас не може сам да се спаси.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот