Никогаш да не гледаме како судии, секогаш како браќа. Не сме надгледувачи на туѓите животи, туку промотори на доброто на сите луѓе. А за да бидеме промотори на доброто на сите луѓе, многу помага да имаме мирен јазик, да не ги озборуваме другите – истакна папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во Алабано, недалу од Рим.
Не смееме никогаш да гледаме на другите како судии, туку како браќа; не сме надгледувачи на туѓите животи туку промотори на доброто на сите луѓе – истакна папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во Албано, недалеку од Рим, на 21 септември 2019 година, во која ги поттикна верниците заедницата да не ја претворат во затворени кругови и ги потсети дека Црквата е место на кое се среќава Божјата љубов.
Црквата постои за на луѓето исто така на оние најодалечените или заборавените да им навести дека Бог прв нѐ љуби – рече Папата во проповедта која засновувајќи ја на настанот од Евангелието за Захеј целата беше фокусирана на посланието на Црквата и христијаните во светот. Пред светата Литургија која ја служеше на плоштадот Пио IX: Папата во катедралата Свети Панкрациј се задржа во молитва со свештениците. Точно пред 11 години на вчерашен ден, Папата Бенедикт XVI го посвети олтарот на таа катедрала.
Зборувајќи во проповедта за Захеј кој во очите на своите сограѓани беше оној на кој му нема спас затоа што бил главен собирач на данок, Папата истакна дека и покрај пречките, гревовите и озборувањето, Бог се сети на тој најголем грешник. Што ни зборува тоа – праша Папата. Дека Црквата напишано со голема буква постои за во срцето на луѓето го одржува живо сеќавањето дека Бог ги сака. Таа постои за на секој и на оној најодалечениот да му каже: Исус те сака и те повикува со твоето име; Бог не те заборава, на срцето си му – рече Светиот Отец и ги поттикна верниците како Исус да не се плашат да поминат во својот град и да отидат до заборавените луѓе, до оној кој е сокриен зад срамот, стравот и осаменоста и да му кажат: Бог те памети.
Животот се менува токму кога ќе откриеме дека Божјата љубов стигнува до нас пред сѐ. Ако како Захеј ја бараш смислата на животот и не наоѓајќи ја се фрлаш на сурогат љубов како што е богатството, кариерата, задоволството, некоја зависност, дозволи Исус да те гледа затоа што само со Исус ќе откриеш дека секогаш си сакан – поттикна Папата и ги повика сите христијани да се запрашаат што е кај нас како Црква на прво место – Исус или нашите структури.
Секое преобраќање се раѓа од Божјата нежност која го освојува срцето. Ако сето она што го правиме не појдува од милосрдниот Исусов поглед, би можеле верата да ја направиме световна, комплицирана и да ја исполниме со голем број додатоци: културни теми, политички опции, партиски одлуки – рече Папата и истакна, но се заборава најосновното, едноставноста на верата, она што доаѓа пред сѐ: живата средба со Божјото милосрдие. Ако тоа не е центарот, ако не се наоѓа на почетокот и на заврштеокот на секое наше делување би можеше Бог да го држиме „надвор од домот“, односно во Црквата која е негов дом, но не со нас. Тој доаѓа со своето милосрдие.
Колку би било убаво кога нашите соседи и познаници би ја чувствувале Црквата како свој дом – истакна Папата и рече како што за жал се случува нашите заедници за многумина да стануваат туѓите и непривлечни. Понекогаш сме и ние во искушение да создаваме затворени кругови, интимни места за избраните, се чувствуваме елита – предупреди. А има многу браќа кои чувствуваат носталгија за домот, а немале храброст за да се приближат затоа што не се почувствувале сакани.
Господ сака неговата Црква да биде куќа меѓу куќите, гостољубив шатор во кој секој човек, минувач во животот, Го среќава Него кој дојде да престојува меѓу нас. Нека Црквата биде место на кое на другите никогаш не се гледа одозгора кон долу, туку како Исус со Захеј, од доле кон горе. Никогаш да не ги гледаме луѓето како судии секогаш како браќа. Не сме надгледувачи на туѓите животи туку промотори на доброто на сите луѓе. А за да бидеме промотори на доброто на сите луѓе многу помага да имаме мирен јазик, да не ги озборуваме другите – истакна папата Фрањо и даде совет што да се направи ако некој почувствува желба за озборување. Добар лек е да се гризнеш за јазикот.
Повикани сме да не бидеме комплицирани христијани кои составуваат илјадници теории и се губат барајќи одговори на мрежите, туку да бидеме како деца на кои им се потребни родителите и пријателите. И на нас ни е потребен Бог, потребни ни се и другите, потребно е во другите да не гледаме непријатели, затоа што учениците мислат само на доброто кое можат да го направат – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк