Папата упати писмо до екуменскиот патријарх за моштите на свети Петар

Папата упати писмо до екуменскиот патријарх за моштите на свети Петар

Во писмото кое го испрати до екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј I, папата Фрањо објасни зошто му подари неколку делчиња од моштите на свети Петар.

Во мирот кој произлегува од молитвата, почувствував дека би имало голема важност кога неколку делчиња од моштите на апостол Петар бидат ставени до моштите на апостол Андреј – со тие зборови во писмото до Вартоломеј I екуменскиот цариградски патријарх, папата Фрањо го објасни значењето на дарот неколку делчиња од моштите на свети Петар кој на 29 јунина крајот од светата Литургија на празникот Свети Петар и Павле ги предаде на шефот на делегацијата на екуменскиот патријарх надбискупот Јоб ди Телмесос.

Вдахнат од Духот со цел повторно заедништво меѓу христијаните

Поверував дека таа мисла ми дојде од Светиот Дух Кој на толку многу начини ги поттикнува христијаните повторно да го пронајдат полното заедништво за кое Исус се молел во пресрет на страданието – рече Папата и објасни: Tоа е гест кој сака да биде потврда за патот кој нашите Цркви го поминале за да се приближат една до друга; патот кој понекогаш бара и е тежок, но кој го следат очигледни знаци на Божјите благодати.

Нови и храбри чекори за продолжување на одењето

Продолжувањето на одењето по тој пат – напиша папата Фрањо во писмото до патријархот Вартоломеј I – бара пред сѐ духовно преобраќање и обновена верност на Господ кој од нас сака поголемо ангажирање и нови и храбри чекори. Тешкотиите и несогласувањата не смеат да нѐ одвртат од нашите обврски и нашата одговорност на христијани, најмногу како пастири на Црквата, пред Бог и пред историјата.

Историјата на гробот на свети Петар и на базиликата

Во писмото Папата потсетува на историјата на пронаоѓањето на гробот на свети Петар и истакна дека традицијата на Римската Црква секогаш сведочела дека апостолот по мачеништвото во циркусот на Нерон, бил погребан на блиските гробишта на ватиканскиот рид, и дека неговиот гроб набрзо станува место на ходочастие. На местото на гробот царот Константин дава да се подигне ватиканската базилика посвета на свети Петар.

Пио XII и откритието на нишата „Πέτρος ενι

Во јуни 1939 година веднаш по изборот за Папа мојот претходник Пио XII одлучи да започне ископување под ватиканската базилика која на почетокот доведува до пронаоѓање на точното место на кое апостолот бил погребан. По 1952 година под главниот олтар во базиликата е отворена гробна ниша во близина на црвениот ѕид кој потекнува од 150 година покриен со голем број драгоцени натписи меѓу кои е еден многу важен на грчки јазик, а гласи Πέτρος ενι, „Петар е овде“.

Девет делчиња за капелата во пПапскиот стан

Во таа ниша – продолжува папата Фрањо во писмото, биле коските кои оправдано можам да ги сметам за коски на апостол Петар. Од тие мошти кои сега се чуваат во некрополата под базиликата Свети Петар, светиот папа Павле VI девет делчиња сакал да ги чува во приватната капела на папскиот стан во Апостолската палата. Тие делчиња се ставени во бронзен реликвијар со натпис Ex ossibus quae in Archibasilicae Vaticanae hypogeo inventa Beati Petri apostoli esse putantur, „Коските пронајдени во земјата под ватиканската базилика кои се сметаат за коски на свети Петар апостол“. Токму тој реликвијар – објансува Папата, сакав да го подарам на Вашата Светост и саканата цариградска Црква која ја водите со голема посветеност.

Павле VI, Атенагора и иконата со Петар и Андреј

Вдахновението за тој дар – продолжи Папата ми дојде додека размислував за нашата взаемна одлучност заедно да продолжиме да одиме кон полното заедништво, и додека Му се заблагодарував на Бог за досега постигнатиот напредок, откако на 5 јануари 1964 година, папата Павле VI и патријархот Атенагора се сретнаа во Ерусалим. Во таа прилика Атенагора на папата Монтини му подарува икона на која се прикажани прегрнати браќата Петар и Андреј обединети во верата и љубовта кон нивниот заеднички Господ.

Пророчки знак за обнова на заедништвото

Таа икона која по желба на папата Павле VI денес е изложена во Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните за нас стана пророчки знак за обнова на видливото заедништво меѓу нашите Цркви, кон кое ние се стремиме и за кое се молиме и ревно работиме – истакна Папата.

Соединувањето на моштите на браќата апостоли, продолжување на одењето

Повторно обединувањето на моштите на двајцата браќа апостоли исто така може да биде постојан повик и охрабрување на тој пат кој продолжува, нашите разлики повеќе да не бидат пречка за нашето заедничко сведочење и евангелизациско послание во служење на човечкото семејство кое денес е во искушение за градење на целосно световна иднина, иднина без Бог – истакнува на крајот во писмото папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот