Папата: Образованието е чин на надеж

Папата: Образованието е чин на надеж

Папата Фрањо испрати видео порака до учесниците на симпозиумот, кој започна на 16 декември во Вилата Пиј IV во Ватикан под мотото „Образованието е чин на надеж“, во организација на Обединетите нации и Папската академија за општествени науки.

На онлајн симпозиумот учество зедоа експерти за образование и претставници на младински движење од целиот свет. Со ова воедно започна заедничка иницијатива на УНЕСКО и Глобалниот пакт за образование по иницијатива на папата Фрањо „Мисија 4.7“.

Симпозиумот Папата го опиша како чин на надеж и генерациска солидарност. Млади лидери, наставници и воспитувачи од целиот свет се собраа да повикаат на нов вид образование што ќе ја надмине сегашната глобализација на рамнодушноста и културата на отфрлање – две големи зла на нашата култура.

Во оваа година на корона криза, повеќе од 100 милиони деца го прекинаа образованието и сега заостануваат во социјалните и когнитивните подрачја. Затоа, средбата во Ватикан е чин на надеж – рече Папата, повикувајќи на „нов бран можности за образованието“ заснована врз социјална правда и взаемна љубов, како што ги промовира Глобалниот пакт за образование. На светот му треба ново целосно образование кое вклучува меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог, мир и зачувување на планетата и промовира отвореност кон Бога.

Папата рече дека Обединетите нации нудат единствена можност светските влади и граѓанското општество да се поврзат во надежта и посветеноста за ново образование, давајќи признание за работата на УНЕСКО – кое е истакнато при основањето на организацијата пред 75 години – да им се овозможи на сите целосен и еднаков пристап до образованието. Пактот за образование и „Мисија 4.7“ ќе работат заедно за цивилизацијата на љубовта, убавината и единството – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот