Папата: Не на војната и насилството, да за дијалог и мир

По Ангеловиот поздрав во недела 9 август 2015 година Светиот Отец потсети на настаните од Втората светска војна. Пред седумдесет години на 6 и 9 август 1945 година се случи ужасно бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. После толку време од тој трагичен настан сè уште предизвикува згрозување. Стана симбол за прекумерната моќ на човекот кога го злоупотребува напредокот на науката и техниката, а е трајна опомена на човештвото секогаш да го отфрли и отстрани нуклеарното и секое оружје за масовно уништување. Ова жалосна годишнина во прв ред нè повикува на молитва и заземање за мир за да ја шириме во светот етиката на братството и атмосферата на соживот меѓу народите. Нека од сите земји се воздигне единствен глас: не на војната и насилството, да на дијалогот и мирот. Со војната секогаш се губи! Единствен начин војната да се победи е да не се води војни – рече Светиот Отец.

Загрижено ги следам вестите кои стигнуваат од Салвадор каде што во последно време се зголемени непријатностите на населението заради економската криза, острите општествени противречности и зголемено насилство. Го поттикнувам салвадорскиот народ да истрае обединет во надежта, а ги поттикнувам сите на молитва во земјата на блажен Оскар Ромеро повторно да процвета правда и мир – посака Папата,а потоа ги поздрави групите ходочасници и на сите им посака пријатна недела и ручек , замолувајќи ги да не заборават да молат за него.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот