Папата ненајавено ја посета Комисијата за Латинска Америка

Папата ненајавено го посети седиштето на Комисијата за Латинска Америка, разговараше со потпретседателот на Комисијата, а потоа позборува со секој од вработените во Комисијата. Спонтаноста, опуштеноста и семејната атмосфера, сето тоа изненади.

„Неверојатно изненадување од Папата“ – коментираа вработените во Папската комисија за Латинска Америка, ненајавена и изненадувачка посета од Светиот Отец, кој на 13 јули наутро го посети нивното седиште. Папата чукна на вратата околу 9.10 часот, – токму кога беше во тек состанокот во врска со следната прослава на Јубиелјот на милосрдието, кој се подготвува во Богота.

„Сакав само малку да скокнам до вас!“ – рече папа Фрањо пред скаменетата група на зачудени луѓе кои не знаеја дали сонуваат или не. Со едноставна и срдечна спонтаност, Светиот Отец им посака „добар ден“ и ги замоли дали може да учествува на состанокот. Набрзо после тоа, еден од вработените, кој ја извршува и должноста заменик-претседател, проф. Гузман Карикуара, го запозна со „новонастанатите и непредвидени околности“, кои се разбира, Папата веднаш ги прими.

Папа Фрањо, влегувајќи во професорската канцеларија, праша: „Имате ли малку време за разговор?“… Папата во приватен разговор се задржа околу половина час, а потоа ги поздрави и размени неколку зборови со секој од вработените во Комисијата. Беше тоа „семејна“ средба на која Папата се присети на своите искуства со посетата на Комисијата додека уште беше надбискуп во Буенос Аирес. Секако, фотографија и „селфи“, вклучувајќи и по некоја духовитост, не изостанаа.

За време на состанокот на Папата и потпретседателот на Комисијата, еден од членовите на Ватиканското осигурување одговараше на сериозните прашања на вработените и објасни дека после посетата на Стоматолошкиот завод за здраствено осигурување (FAS), во Ватикан, папа Фрањо изрази намера да ја посети и Комисијата за Латинска Амрика. И покрај предупредувањето за комплицираниот безбедносен протокол, Папата се послужи со аргументот: „Не грижете се, во Божји раце сме.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот